Дамјан Манчевски призна дека фирмата во која тој бил сопственик работи по тендер во Општина Куманово. Неговото самопретставување за жртва е арогантно и неприфатливо, рече денеска пред новинарите Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Според него Манчевски не бил вработен во некоја фирма, туку бил сопственик на фирма која работи по тендер во вредност од 22.892.000 денари. Ако заради ова треба јавноста да го сожалува, замислете колкав бизнис треба да добие за тој да чуствува одговорност.
Дамјан Манчевски до ден денес е лице за контакт според официјалните документи на фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје.
Оправдувањата кои за себе ги кажува Манчевски дека тој е нов и не бил политички експониран се целосна невистина. Впрочем Дамјан Манчевски е познат на политичката сцена многу оддамна. Да потсетиме дека токму тој беше шеф на кабинет на Радмила Шекеринска во време кога таа беше Претседател на СДСМ. Дамјан Манчевски уште пред добивањето на овој бизнис бил професионално вработен во СДСМ како шеф на кабинетот на Шекеринска. Живеел од политика. Дополнително, тој во минатото беше и потпретседател на подмладокот на СДСМ.
Зоран Дамјановски – Циц вели дека ништо не знаел и не бил информиран. Но оваа слика од потпишувањето на договорот по овој тендер говори спротивно. Градоначалникот на Куманово бил присутен на потпишувањето на договорот по овој тендер и не може да не знаел ништо, потенцираше Димовски објавувајќи ја оваа фотографија пред јавноста.
.png)
На 28.01.2011 година белградската Метропаркинг ДОО склучува договор со општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг по добиен тендер.
На истиот ден, на 28.01.2011 година белградската фирма испраќа допис до Куманово – паркинг со кој ги информира дека за комуникација, техничко поврзување, финансиско работење (уплати и исплати), како и сите други активности ја овластува фирмата од Македонија: Метропаркингплус ДОО Скопје.
.jpg)
Вредноста на тендерот, според документите е 22.892.000 денари или близу 400.000 евра. Дополнително, според нашите информации фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје наплатува за себе значаен процент од приходите од општинското јавно претпријатие Куманово – паркинг по основ на испратени СМС пораки за паркирање, по основ на цена за паркинг, по основ на претплатни карти и по основ на платени сметки за поствување на блокатори на тркала заради погрешно паркирање. Колкава е целата сума која Метропаркингплус ДОО Скопје, фирма во која сопственик бил Дамјан Манчевски, поптрпетседателот на СДСМ, ја знаат само тој и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски – Циц, објасни Димовски.





