Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши состанокот на комисијата: Има мали чекори напред, разговорите продолжуваат

0
By Нова ТВ on October 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 16, 2020 18:41

По дводневна научна расправа мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања нема конечен договор за револуционерот Гоце Делчев, соопштија првите луѓе од македонската и бугарска страна Драги Георгиев и Ангел Димитров.

Мал напредок е постигнат во делот на учебниците за средновековието. Во однос на Свети Кирил и Методиј е постигната согласност дека се сесловенски и христијански просветители. Членовите на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија договорила нова средба до крајот на годинава, и уште пет наредната година.

Георгиев рече дека на маса има нови предлози и нови идеи за ова прашања коишто ќе се разговараат во Софија.

„Има мали стапки поместување на напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите. Ова беше 100-тата средба на која продолжија разговорите. Два дена имаше нмапорни дискусии. Договорено е до крајот на годината да има уште една средба, а догодина уште пет. Во текот на овие два дена, имаше дискусии за учебниците за 6 клас во бугарскиот образовен систем, и дикусија за Гоце Делчев. Постигнавме суштински напредок и остваривме една препорака во однос на учебниците.“ – рече копретседавачот на комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев.

Димитров, првиот човек од бугарската страна на Комисијата средбите ги опиша со метафора „облачно со многу дожд и по малку сонце“. Сепак рече дека за Делчев ќе се дискутира и понатаму, додаде дека на комисијата воопшто не станало збор за македонскиот јазик. Тоа, истакна Димитров одговарајќи на новинарско прашање, е тема за која треба да разговараат лингвистите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.