Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За компаниите со најниски приходи, најголема финансиска поддршка за исплата на плати

0
By Нова ТВ on October 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 23, 2020 16:30

– Компаниите кои се потешко погодени од кризата, односно кои имаат поголем пад на приходите, ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати, предвидува новиот Предлог-закон за финансиска поддршка што вчера го усвои Владата и кој ќе биде испратен на усвојување во Собранието.

Од Министерството за финансии денеска појаснија дека доколку компанијата има намален приход од над 80 проценти, тогаш износот на финансиска поддршка за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен, додека компаниите со намален приход од 30 до 40 проценти, ќе добијат поддршка до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40,01 до 50 проценти предвидени се до 15.955 денари по вработен, за намален приход од 50,01 до 60 проценти до 17.410 денари, за намален приход од 60,01 до 70 проценти до 18.865 денари по вработен и за намален приход од 70,01 до 80 проценти до 20.320 денари по вработен.

– Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30 проценти пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година, информираат од Министерството за финансии.  Во законското решение предвидени се и заштитни механизми за платата да стигне во целост до работникот, односно во случај работодавачот да исплати помала плата, превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект. Со предлог законот не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години.

– Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар, велат од Министертвото. Фирмите кои аплицираат за мерката, не можат да исплаќаат дивиденда и награди за деловна успешност. Можат да имаат најмногу 10 проценти од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари. За оваа мерка не можат да аплицираат фирми кои во јуни, јули, август и септември исплатиле нето плата по вработен повисока од 39.900 денари.

Мерката не можат користат и фирми кои за вработени ја користат мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење. Работодавачите кои ќе ја користат мерката, не смеат да го намалат бројот на вработени два месеци по завршување на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.