Холандската организација Aids Fonds лансираше кампања со наслов #dutchkiss (холандски бакнеж) во солидарност со глобалната ЛГБТ заедница. Aids Fonds ги повикуваат луѓето да партиципираат и да ја споделат оваа порака за Денот на вљубените (Св. Валентин): Да се бориме против нетолерантноста со љубов.
Само еден од десет мажи имаат пристап до ХИВ третман како резултат на кршењето на човековите права. На земјината топка, само еден од десет мажи кои имаат сексуални врски со други мажи имаат пристап до сексуално образование, ХИВ третман и здравствена заштита.
Поради анти-геј законите и стигматизацијата нивното право на здравствена заштита е загрозена, додека во исто време се изложени на висок ризик од ХИВ инфекција. Aids Fonds го бранат ова право на здравствена заштита и иницираа лансирање на кампањата #dutchkiss (холандски бакнеж) во солидарност со глобалната ЛГБТ заедница.
Интернационален симбол на универзалното право на почитување, слободен избор на партнер и здравствена заштита. Aids Fonds ги повикуваат луѓето да партиципираат и да ја споделат оваа порака за Денот на вљубените (Св. Валентин): Да се бориме против нетолерантноста со љубов. Да го шириме холандскиот бакнеж.