Потпретседателот на СДСМ, Владимир Манчевски и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски – Циц да ги објават договорите потпишани меѓу Куманово паркинг и фирмите Метропаркинг од Белград и скопската Метропаркинг Плус повика денеска директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.
Дали ќе решат да ги објават овие договори на официјалната веб страна на СДСМ или пак на веб страната на Општина Куманово, зависи само од нив. Важно е е јавноста да ги види.
Скандалот со тендерот за паркинзи во Куманово зафаќа огромни размери. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц никаде го нема. Се скри во земја. Прво велеше дека ништо не знае, па потоа од фотографија видовме дека бил присутен на потпишувањето на договорот, рече Димовски.
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, од друга страна, е комплетно конфузен. Сака да мислиме дека е жртва, а работел по тендер во општина каде градоначалник е од партијата каде тој е потпретседател. Прво велеше дека нема тендер, па потоа дека ја напуштил фирмата, а ништо од, според официјални документи кои ви ги презентиравме, изгледа дека не е точно, смета Димовски.
Тој пред неколку дена обелодени дека фирмата МетропаркингПлус со која Куманово паркинг склучила договор вреден 400 илјади евра, каде еден од сопствениците е Манчевски.




