Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта треба да креира амбиент за подобрување на слободата на медиумите

0
By Влатко Чаловски on February 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 12, 2014 16:07


Падот од шест места на индексот за слободата на медиумите, односно 123-то место за Македонија според Репортери без граници, воопшто не е изненадувачки, коментираат долгогодишните новинари Ерол Ризаов и Александар Дамовски за НОВА.

Според Ризаов, 34-то место кое за претседателот Иванов во 2009 година не било прифатливо, односно претседателската агенда била со слободата на медиумите да се напредува и понатаму, сега се чини далеку позавидно, а вината за ваквиот пад ја наоѓа во окупацијата на власта на медиумскиот простор, надополнувајќи дека потребна е промена во односот на власта со медиумите како би се надминала сегашната ситуација.

И додека Македонија во однос на слободата, влегува во фразата „во тешка состојба“, останатите земји од регионот се неколку скалила погоре. Од непосредните соседи, Србија е 54-та (бележи напредок од 10 места), Косово е рангирано на 80-то место (напредок од 6 места), Албанија 85-та (напредок од 18 места).

Правејќи споредба со земјите од Балканот, главниот уредник на веб-порталот „Мкд.мк“, Александар Дамовски не е убеден дека во регионот се случува нешто поразлично од она што се случува во Македонија. Дамовски вели само неколку нијанси решаваат, потенцирајќи дека за излез од ваквото рангирање, потребно е обединување помеѓу уредниците, новинарите и другите медиумски работници, и да се почитуваат базичните принципи во новинарството, а воедно истото да се искажува преку телевизијата, порталите, текстовите и емисиите.

Одговорноста пак за да се поправи незавидната ситуација со слободата на медиумите во Македонија, новинарот Ризаов ја наоѓа во општеството, и вели власта и институциите на системот мора да градат добар и зрел амбиент за работа.

Инаку во денешниот извештај на Репортери без граници нотирано е дека во Македонија постојат бројни прекршувања на слободата на инфомации, а случајот Кежаровски стана симбол на ваквите прекршувања.

Исто така, нотирано е и апсењето на македонскиот новинар Зоран Божиновски.

>> Во слобода на медиуми од 117 Македонија падна на 123 место во светот

Имено, на листата оваа година, како и минатата, во поглед на медиумските слободи водат Финска, Холандија и Норвешка, а на дното се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. САД бележат пад од 13 места и се 46-ти на листата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.