Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Јанкуловска не го почитува судот и го злоупотребува сајтот на МВР

0
By Нова ТВ on February 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 12, 2014 17:51

Во секоја нормална демократска држава министерот за внатрешни работи не го игнорира Судот. Издржаните аргументи искажани пред Судот министерката Гордана Јанкуловска можеше да ги слушне доколку не го игнорираше Судот и присуствуваше на распитот, се вели во реакцијата на СДСМ по објавата на министерката Јанкуловска на сајтот на МВР дека „секој што излегува во јавност треба да стои зад својот исказ“ при тоа алудирајќи на Шилегов, против кого поднесе тужба за клевета и бара оштета од 10.000 евра. Но, денеска на првиот распит пред судот ја претставуваше само нејзиниот адвокат Димитар Дангов.

Од СДСМ велат дека Гордана Јанкуловска не само што не го почитува Судот туку ја злоупотребува и официјалната интернет страница на МВР за објавување на соопштенија исклучиво од нејзин личен интерес.

Со ова соопштение Јанкуловска дополнително се заплетка и сега должи одговор на јавноста што значи нејзиниот став дека нема да се меша во одлучувањето на судот „се до донесувањето на пресудата“? Тогаш ли планира Јанкуловска да се замеша, кога Судот ќе треба да ја донесе пресудата?, прашуваат од СДСМ.

Јанкуловска бара оштета од 16.000 евра од Шилегов, кој во своја одбрана, пред судот кажа дека на прес конференциите ги презентирал само официјалните податоци од државните институции во кои е наведена имотната состојба на министерката Јанкуловска.

Непојавувањето на министерката пред судот Шилегов го прокоментира како непочитување на судската власт.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во септември минатата година го обвини портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека не ја кажува вистината кога вели дека купила станови од 200 квадрати и наведува дека ниту законски ниту незаконски заработила 200.000 евра за пет години.

Шилегов предходно презентираше документи според кои Јанкуловска за становите вредни 200 илјади евра, подигнала кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра во јануари 2012 година, а само за година и 9 месеци вратила 75 илјади евра со две административни плати.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.