Дамјан Манчевски потпретседателот на СДСМ по повикот на ВМРО – ДПМНЕ ги објави договорите за наводните финансиски скандали- помеѓу ЈП Куманово Паркинг и Метропаркингплус ДОО Белград; договорот помеѓу ЈП Куманово Паркинг, Метропаркингплус ДОО Скопје и уште еден подизведувач; годишните биланси на Метропаркингплус ДОО Скопје.
„Од нив се гледа дека вкупниот приход на фирмата за три години изнесува 2.300.284 денари или 37.403 евра. Значи нема 20.000.000 денари, нема 400.000 евра. Има за плата на двајца вработени и толку.
– Илија Димовски свесно лажеше. Годишниот биланс на секоја фирма е јавно достапен документ и чини 1.750 денари. Мислам дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покрај толку станови и фирми, можеа да подсоберат толку и да ја кажат вистината.
– Е ова е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние не се криеме и нема никаков криминал“, рече Манчевски.
Тој од ВМРО – ДПМНЕ побара да објават неколку информации од јавен карактер, кои се кријат како најголема државна тајна:
– Колку е јавниот долг на државата?
– Колку вработени има во државната администрација?
– Колку пари чини милионската медиумска кампања на ДПМНЕ против опозицијата? Од каде ви се тие пари?
– Или на пример последното, договорот за набавка на мазут помеѓу Клинички центар и ОКТА.




