Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерскиот состанок на ЕУ се одложува за 17 ноември – причина е карантинот на Михаил Рот

0
By Нова ТВ on November 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 6, 2020 10:58

Корона вирусот ѝ даде уште малку простор на дипломатијата, барем што се однесува на вжештениите барања на Бугарија за големи отстапки од Македонија за да може да ја одобри преговарачката рамка со ЕУ. Германија го одложи министерскиот состанок на ЕУ (ГАК) од 10 за 17 ноември. На него требаше да се донесе конечна одлука за форматот на преговарачката рамка за Македонија и Албанија и да се утврди датумот на првата меѓувладина конференција.

Причината не се последните дипломатски напори за расплеткување на јазолот што го заплетка Софија, туку фактот што германскиот министер за Европа, Михаил Рот, е во карантин по средбата со бугарската делегација во понеделникот вечерта во Берлин. Тогаш во германскиот главен град се одржуваа разговори меѓу македонските министри Никола Димитров и Бујар Османи и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Потоа се испостави дека заменикот на Захариева бил позитивен на Ковид-19 и како што соопшти германското министерство за надворешни работи по наредба на лекар шефот на дипломатијата Хајко Мас и министерот за Европа Рот мораа да заминат во двонеделен карантин. Во карантин е и Захариева, но не и нашите двајца министри.

Денеска се одржува состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ на кој треба да биде формулирана преговарачката рамка за Македонија. Доколку и денеска нема решение поради желбите на Софија кои не ги поддржува никој во ЕУ, високата и невидливата дипломатија ќе има време уште десет дена да изнајде решение до состанокот на министрите.

извор:независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.