Published: Wednesday, February 12, 2014 21:34
Масовна тепачка меѓу две групи момчиња се случила вечерва пред Веро Центар во Скопје.
Како што дознава Press24 од полициски извори, две групи момчиња од скопско Батинци најпрво почнале расправија која брзо прераснала во тепачка. Инцидентот се случил пред вратата на Веро Центар спроти Народната банка.
Откако обезбедувањето на Веро Центарот не можело да се справи со групата била повиката полицијата, по што интервенирале Алфите.
Во тепачката учествувале девет лица, а две кои се здобиле со потешки повреди биле префрлени во Урегентниот центар.
Останантите се приведени во полициската станица Центар и по расчистувањето на случајот ќе следат соодветни пријави.




