Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: УЈП ги блокираше сметките на компаниите што ја злоупотребија државната помош

0
By Нова ТВ on November 7, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 7, 2020 12:43

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот, работодавачите можат да аплицираат за финансиска поддршка, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година.

Заедно со министерот за финансии, Фатмор Бесими соопштија дека ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на транскациски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

На новинарско прашање околу компаниите што ја злоупотребија државната помош, Лукаревска соопшти дека на сите компании УЈП им ги блокирала сметките и на дел од нив веќе им биле повлечени овие средстава од државната помош.

„Имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, наведе Лукаревска.

Девет услови кои работодавачите мора да ги исполнат за да добијат финансиска помош од државата

Лукаревска, ја објасни и постапката за добивање на финансиска поддршка за работодавачите, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година. Таа посочи дека се аплицира преку системот за Е-даноци, најдоцна до 10 во месецот. Лукаревска посочи и девет услови кои секој работодавач мора да ги исполни за да му бидат исплатени средствата.

„Со Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од кризата се овозможува исплата на плати за секој вработен, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во износ најмногу до 21. 776 денари. Постапката за добивање на оваа финансиска поддршка се остварува со поднесување барање за финансиска поддршка преку системот за Е-даноци на УЈП, најдоцна до 10 овој месец за октомвриската плата, а за другите исплати најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец. УЈП по ова барање ќе одговори дали истото е комплетно или не, во рок од 3 дена од доставување на барањето.

„Доколку работодавачот добил потврден одговор од УЈП дека барањето е прифатено, тогаш во МПИН пресметката, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, внесува шифра 5001. По обработката на образецот, УЈП го известува работодавачот за вкупниот износ на финансиската поддршка која ќе му биде исплатена за соодветниот месец“, кажа Лукаревска. За намалени приходи од 30.01 процент до 40 проценти државата планира да врати до 14.500 денари по вработен. За намален приход од 40.01 процент до 50 проценти, планирани се 15.955 денари по вработен. За намален приход од 50.01 процент до 60 проценти, планирани се до 17.410 денари по вработен. За намален приход од 60.01 процент до 70 проценти, планирани се 18.865 денари по вработен. За намален приход од 70.01 процент до 80 проценти планирани се 20.320 денари по вработен. И за намален приход од над 80 проценти, износот за финансиска поддршка за исплата на плати изнесува 21.776 денари по вработен.

„Работодавачот кој освен финансиска поддршка за исплата на плата на работниците, има право да користи и мерка субвенционирање на социјалните придонеси и или данок на личен доход во полето 3.23 во полето од МПИН образецот ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја користи со шифрата 5001. По обработката на податоците, УЈП ја информира Владата односно генералниот секретаријат за тоа кои работодавачи исполниле услови за финансиска поддршка, а Владата ги исплаќа средствата до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец“, додаде Лукаревска.

Работодавачот ќе треба да врати 50 проценти од примената финансиска поддршка во буџетот на државата, по посебни услови предвидени во законот. Работодавачите кои ќе искажат негативен финансиски резултат нема да треба да ги враќаат средствата.

„Условите за добивање на финансиска поддршка се опишани во законот. Работодавачот потврдува дека ги исполнува во соодветното барање. Условите се остварениот приход на работодавачот во референтниот период од април до септември 2020 година да е намален за 30 проценти споредено со истиот период минатата година, за исплатата на плата за октомври, односно референтниот период од април до октомври 2020 година со истиот период во 2019 година за поддршката во ноември. Под број два, бројот на вработени во месецот за кој што се бара финансиската поддршка да е ист или поголем во однос на бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници согласно условите од овој закон. Односно, тоа е отказ од страна на работникот, пензионирање, смрт, престанок на работен однос по дисциплинска постапка, по судска пресуда или трајна неспособност. Под број три, работодавачот не исплатил и нема да се изврши исплата на дивиденда и награда за деловна успешност, или друг вид на деловна награда на вработените или органите на управување, барател на финансиска поддршка до денот на исплаќање на платата во месец декември 2020 година“, објасни Лукаревска.

Износот на финансиската поддршка по вработен ќе зависи од степенот на намалениот приход. Услови има и во делот на работниците за кои се бара финансиска поддршка. Работникот за кого се бара финансиска поддршка, нема остварено нето плата поголема од 39.000 денари за месеците јуни, јули, август или септември 2020 година, за секој месец одделно и сразмерно на часовите за сработено работно време. Под број пет, работодавачот не исплатува плата повисока од 120.000 денари за месецот за кој се бара финансиска поддршка на повеќе од 10 проценти од вкупниот број на вработени. За работниот за кој се бара финансиска поддршка, работодавачот не користи ослободување од плаќање на данок на личен доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност односно од мерките од проектот ‘Македонија вработува’. Под број седум, работникот за кој бара финансиска поддршка не е работник пријавен на дополнително работно време. Под број осум, во годишната сметка и финансиските извештаи за годините 2017, 2018, 2019 година има остварено кумулативно, акумулирани добивки пред оданочување помали, односно поголеми од 600.000 денари, ако има повеќе од 2.000 вработени лица во месецот во кој користи финансиска поддршка. Последниот услов под број 9 е во времетраењето на финансиската поддршка и два месеци по месецот за кој е користена финансиската поддршка, нема да го намали бројот на вработени“, кажа Лукаревска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.