Зоран Димитровски, главниот и одговорен уредник во дневниот весник „Нова Македонија“ утрово добил отказ.
Според вработените кои инсистираана анонимност, отказот бил врачен лично од сопственикот Минчо Јорданов.
НОВА го контактираше Димитровски преку СМС порака. Тој само кусо одговори дека „согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ се спроведуваат законите од медиумската област“.
Оваа изјава на Димитровски реферира на неколкудневната посета на Скопје специјалната претставничка за медиуми на ОБСЕ, која вчера ја заврши посетата со прес-конференција, каде упати пораки на доследна имплементација на законската регулација на медиуми.
Директорот на весникот закажал состанок со новинарите во 14.30 часот. Извори за НОВА во „Нова Македонија“ велат дека очекуваат да им биде соопштено името на новиот уредник.




