Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ

0
By Нова ТВ on November 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 14, 2020 14:02

Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус.

– Колку е опасно кога политичарите во регионот ќе престанат да веруваат во европската перспектива може да се види на друго место, источно од ЕУ, каде се водат војни и каде националистите тврдат дека ЕУ е „фата моргана“, вели Канус во интервју за Бугарското национално радио.

Кнаус нагласува дека ако Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го прифати бугарското толкување на историјата во последните 100-150 години, треба да знае дека тоа е „изгубена работа“. А, ако тоа навистина стане услов за почеток на преговори, тогаш нема да има преговори.

Според него, владата во Скопје има само една опција – и покрај блокадата, да продолжи со реформите, да продолжи со соработката со ЕУ за да се приближи до членството. Во спротивно, земјата ќе западне во политичка безнадежност.

– Бугарија нема да добие ништо друго освен непотребна напнатост со соседот и недоразбирање од страна на европските партнери. Нема победници во овој спор. Нема македонска влада што признава дека идентитетот на нејзиниот народ е комунистичка измислица, истакнува Кнаус.

За тоа дали Германија како претседавач со ЕУ и најмоќна земја во ЕУ, може да помогне да се решат отворените историски прашања, тој смета дека Берлин е од помош, но не со притисоци.

– Единствениот излез е сите да признаеме дека Бугарија има свое читање на историјата, што е различно од толкувањето во Република Северна Македонија. Ова не значи дека бугарското гледиште е погрешно или невистинито. Ниту, пак, дека Бугарија треба повтроно да ја пишува својата историја. Но, тоа сигурно значи дека Бугарија не може да побара од својот сосед да прифати бугарско толкување на историјата. Актуелната македонска влада е најдобриот можен партнер за Бугарија. Обратната страна на медалот е намерната и бесецелна манипулација со историјата што ја видовме во времето на Никола Груевски, вели Кнаус.

Компромисот, според него, треба да се бара во соработката на сите полиња и повеќе контакти меѓу луѓето од двете страни на границата.

– Бугарија може да ја продлабочи размената на студенти со Република Северна Македонија. Како економски посилна земја, може да создаде стипендии за студенти и можности за контакти меѓу луѓето. Може да има промена во ставовите, но секако не под притисок. Како услов за почеток на преговори со ЕУ, ова барање е крајно несоодветно. Ова може да стане сериозен проблем за сите земји во Југоисточна Европа. Последиците се национализам, политичка и економска нестабилност на целиот регион, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.