Специјалната претставничка на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, на Твитер излезе со коментар за отказот на главниот уредник на Нова Македонија Зоран Димитровски:
– Ненадејниот отказ- загрижувачки тренд кој се додава на проблематичните прашања кои ги покренав вчера.
Првиот коментар на Димитровски за НОВА беше дека „согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ се спроведуваат законите од медиумската област“.
Подоцна, тој образложи подетално:
-Отказот го добив затоа што ми бреше речено од страна на Јорданов дека сум ги нарушувал професионалните новинарски стандарди и сум манипулирал политички, сум манипулирал со вистината во моите колумни.
Менаџментот на Нова Македонија се уште не даде објаснување во јавноста за отказот на Димитровски. Освен тоа, неговиот наследник се уште не е соопштен.
Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани експресно реагираше со соопштение, по смената на Димитровски, каде изрази сомнеж за политички мотиви од страна на Минчо Јорданов.




