НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест против злоупотреба на историјата во процесот на европска интеграција на Северна Македонија

0
By Нова ТВ on November 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во врска со злоупотребата на историјата со која владата на Република Бугарија се заканува да го блокира почетокот на преговорите меѓу Брисел и Скопје во процесот на евроинтеграција на Северна Македонија, група историчари од пост-југословенските земји, кои оваа година го иницираа потпишувањето на Декларацијата „Да ја браниме историјата“, испратија протестно писмо, што го НОВА Ви го пренесува во целост:

Конфликтите околу историјата и историските симболи повторно се политичка тема во Југоисточна Европа. Во последните месеци, бугарската влада се закани дека ќе ги блокира разговорите меѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати „историската вистина“ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација е создадена од Тито и Коминтерната.

Врз основа на изразените ставови во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“, ние, потписниците на ова писмо, го изразуваме нашиот протест и осуда за овој случај на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Ние веруваме дека ваквиот пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но исто така и на самата Европска унија. Наметнувањето „историски вистини“ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создадени сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа бараме историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот да бидат професионални и да се спротивставуваат на злоупотреби на нивната научна дисциплина. Бараме од политичарите да водат одговорна политика, да не поддржуваат историчари што ги разгоруваат националистичките конфликти и да не вршат притисоци што доведуваат до фалсификување на минатото. Ги замолуваме европските институции и држави да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија што се загрозени на Балканот и во Европа овие денови, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа не смееме да дозволиме искривувањата на историјата да ги уништат принципите врз кои се темели идејата за обединета Европа.

Ние, потписниците на ова писмо, им даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професија и професионалните стандарди. Само солидарно можеме да ги надминеме сериозните пречки што стојат пред нас!

Проф. д-р Дубравка Стојановиќ, Универзитет во Белград
Проф. д-р Хусија Камберовиќ, Универзитет во Сараево
Проф. д-р Твртко Јаковима, Универзитет во Загреб
Проф. д-р Бошо Репе, Универзитет во Љубљана
Доц. д-р Аднан Прекиќ, Универзитет во Црна Гора
Д-р Сњежана Корен, Универзитет во Загреб
Д-р Миливој Беглин, универзитет во Белград
Проф. д-р Дамир Агишиќ, Универзитет во Загреб
Доц. д-р Бранимир Јанковиќ, Универзитет во Загреб
Проф. Д-р Момир Самарџиќ, Универзитет во Нови Сад
Д-р Олга Манојловиќ Пинтар, Институт за неодамнешна историја на Србија, Белград
Д-р Срѓан Милошевиќ, историчар, Белград
Д-р Александар Р. Милетиќ, историчар, Институт за неодамнешна историја на Србија, Центар за историски студии и дијалог, Белград
Веjко Станиќ, историчар, Белград
Петар Шарковиќ, историчар, Белград

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.