Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИФИМЕС: Успехот на Заев доказ дека промени се можни, изборот на Бајден клучен за политички промени на Балканот

0
By Нова ТВ on November 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 25, 2020 13:28

– Политичките промени на Западен Балкан започнаа во Северна Македонија во 2017 година. Успехот на македонскиот премиер Зоран Заев (СДСМ) и неговата влада е доказ дека промените се можни, се вели во анализата од ИФИМЕС – Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од во Љубљана.

Аналитичарите сметаат дека доаѓањето на новата американска администрација на претседателот Џо Бајден е клучен момент за политички промени на Западен Балкан.

Во најновата анализа на ИФИМЕС со наслов: Надворешната политика на новата американска администрација спрема Европа, Блискиот исток и Западен балкан, во делот за Западен Балкан, стои дека иако некои земји во регионот се претставуваат како американски сојузници, тие дури и купуваат американско оружје и ловци Ф-16, како на пример Бугарија, сепак, реалноста е поинаква. Во анализата се нагласува дека Бугарија продолжува да работи тесно со Русија, но и со меѓународните криминални организации.

„Бугарија е типичен пример за земја, која е членка на ЕУ и НАТО и која не би исполнувала ниту половина од условите за членство во ЕУ и не ги наследува високите демократски стандарди, кои се обврзувачки за членките на НАТО. Бугарија се врти во магичен круг на „политика-криминал-мафија“, а загрижува фактот што бугарската влада на Бојко Борисов е под контрола на мафијата, како што изјави бугарскиот претседател Румен Радев. Прашањето е, дали мафијата учествува во донесување одлуки или блокади на ниво на ЕУ?“, се вели во анализата.

Од ИФЕМЕС нагласуваат дека Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон веќе го забавија напредокот на Западен Балкан за една година, бидејќи го блокираа почетокот на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија во октомври 2019 година, барајќи усвојување на нова методологија во процесот на пристапување за земјите кандидати. Тие нагласуваат дека новата методологија на ЕУ не претставува никаква нова додадена вредност, но ваквите опструкции за членство во ЕУ ги охрабрија оние сили на Западен Балкан кои имаат намера да ја променат геополитичката ориентација на земјите од Западен Балкан, односно да ги дистанцираат своите земји од Запад.

„Блокадата на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ покажува дека ЕУ нема контрола врз интеграцијата и процесите во ЕУ. Загрижувачки е што Германија и канцеларката Ангела Меркел, која во моментов е претседател на ЕУ, немаа влијание и сила да ја елиминираат блокадата на Бугарија. На ЕУ и требаат темелни реформи и правен поредок, што ќе ги елиминира сите оние кои сакаат да го запрат неопходниот развој и напредок на ЕУ со опструкција и блокада“, истакнуваат аналитичарите.

Во анализата се потенцира важноста државите да имаат закони во нивниот правен поредок кои забрануваат негирање на геноцид и холокауст, бидејќи тоа би бил вистинскиот цивилизациски начин за справување со минатото.

„ЕУ мора да биде поодлучна за брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, во спротивно тоа ќе го сторат некои други, со разлчни сфери на интерес, а потоа Западен Балкан ќе биде изгубен од ЕУ засекогаш.“, истакнуваат од ИФИМЕС.

извор: фронлајн.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.