Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

0
By Нова ТВ on November 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2020 09:45

Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се испраќаат пораки дека во интерес на двете земји е целосно спроведување на Договорот за пријателство и надминување на недоразбирањата, што би овозможило одржување на меѓувладината конференција со ЕУ во декември за време на германското претседателство.

Премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС порача дека е најлесно ситуацијата да се остави така како што е или да се влоши, истакнувајќи дека треба да бидеме храбри и да ги подобриме работите меѓу Скопје и Софија, со цел Северна Македонија и целиот регион да станат дел од ЕУ.

– Ние сме целосно подготвени да ги исполниме нашите обврски, а Бугарија се обврза да ги исполни своите. Само спроведувањето на Договорот е начин да се изгради уште поголемо пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави Заев

Тој уште една потенцира дека е факт оти ние сме Македонци и збруваме македонски јазик и тоа е право на самоопредлување, кое Бугарија го призна признавајќи ја нашата независност, суверенитет и држава. – Бугарија многу често нагласува дека ја препознава реалноста дека Македонците и македонскиот јазик постојат, истакна Заев.

Според него, отворените историски прашања можат да бидат надминати, пред се од страна историчарите и историјата може да биде добар мост за пријателство и соработка и не треба да ги дели, туку да ги обединуваат граѓаните на двете земји – Бугарите и Македонците.

– Се надевам дека целиот овој процес ќе заврши успешно и што е можно побрзо, за да може сè да се отвори до крај и да се види дека Бугарија е голем пријател на Македонија. Отсекогаш била и сега е, додаде Заев.

Тој смета дека секое одложување и блокада, ќе доведат до негативни реакции и говор на омраза и затоа политичарите треба да работат за надминување на недоразбирањата и слабостите од минатото и да се насочат кон иднината.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претстојниот период треба да се искористи за враќање на довербата во Договорот за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија, бидејќи нерешавањето на ова прашање сега би оставило далекусежни последици по односите меѓу двете земји и врз можноста тоа да биде решено во иднина.

– Работиме сите со конкретни идеи, со конкретни предлози како да се надминат овие разлики со цел да се усогласи рамката како предуслов за одржување на правта меѓувладина конференција во декември, изјави Османи, без да навлегува во детали за разговорите што се водат, посочувајќи дека тие се уште се во форма на идеи и предлози за кои се уште нема согласност меѓу двете страни.

Тој потенцира дека Договорот за пријателство е платформата и формулата за надминување на разликите и решавање на недоразбирањата со Бугарија, додавајќи дека и ако не се решат напорите продолжуваат.

– Ние немаме план Б, немаме алтернатива, нема потежок и покомплексен процес од преговарачкиот процес, но затоа целта на крај ќе ги оправда сите напори што ги правиме како држава, порача Османи.

Според него, дека без разлика на исходот на Советот на Унијата во декември, Северна Македонија ќе остане посветена на спроведување на реформите со ЕУ предзнак и на унапредување на добрососедските односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју во Студио 10 за Телевизија 24 порача дека или ќе бидеме заложници на историјата, или сепак ќе сфатиме дека по десет години ова ќе биде историја.

– Можеме да напишеме поубава страница на историјата која ќе нѐ води кон подобро утре, или да испишеме уште една страница, уште едно вето, уште едни непријателства и со тоа уште да бидеме заложници на историјата, порача Шекеринска.

Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски при гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма порача дека Договорот со Бугарија е добра основа за решавање на споровите, а со оглед дека во многу делови се работи за историски прашања треба да ги решат самите историчари.

– Нам не ни треба еуфорија, не ни треба национализам, туку ни треба решение кое ќе резултира со меѓувладината конференцијата во декември, истакна Ковачевски, додавајќи дека македонскиот идентитет и јазик веќе се зацртани и тоа се нашите црвени линии.

Во врска со напорите за изнаоѓање решение со Бугарија се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинивајќи дека наводите во интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС, може „да го начнат македонскиот идентитет“.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај Договорот за добрососедство, постои барање од страна на бугарските власти за потпишување нов договор или анекс на постоечкиот.

За ваквите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, владиниот портпарол Душко Арсовски на вчерашната прес-конференција потенцира дека нема нов договор и оти не може да се преговара за идентитетот и за јазикот.

– Владата е подготвена за разговор и дообјаснување на некои загрижености кои се појавија во Република Бугарија во однос на јазикот, меѓутоа црвените линии остануваат односно нема право никој да преговара за идентитетот и за јазикот, истакна Арсовски.

На тврдењата на Мицкоски реагираше и СДСМ, потенцирајќи дека за јазикот и идентитетот не се преговара и обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека „шири хистерија, става сопки и ги поткопува државните позиции“.

– За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се потврдени и признаени, наведе СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.