Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јосип Броз Тито за учеството на бугарски единици во ослободувањето на делови од Југославија во 1944 година

0
By Нова ТВ on November 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 26, 2020 13:49

Имајќи го предвид развојот на добрососедските односи помеѓу нашите две држави, особено за олеснување на меѓународната положба на нова Бугарија, а и сметајќи дека учеството на бугарската војска во заедничките операции може да биде корисно, по советувањето со другарите од Врховниот штаб, јас дадов позитивен одговор, сведочи Тито

„Повторно од вас не добиваме воени извештаи. Ова е политички многу незгодно. Исто така, јавувате за заеднички акции на нашите и на бугарските трупи.“ Ова го напишал Јосип Броз Тито во дописот што го испратил до Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, на 30 октомври 1944 година, период во кој партизаните во Македонија имале организирани борбени акции против германскиот окупатор заедно со бугарски војници. Писмото е јавно објавено во едицијата „Собрани дела“ на Јосип Броз Тито (том XXIV, страница 146), достапна онлајн на интернет-страницата на белградскиот Институт за современа историја.

Факсимил од писмо на Јосип Броз Тито до НОВ и ПО на Македонија

Две седмици порано, на 14 октомври 1944 година, Тито испратил допис и до еден од своите блиски соработници, Арсо Јовановиќ (страница 68), од кого, исто така, бара да го известува за бугарските трупи што во 1944 година им се приклучиле на партизанските единици во Југославија.

„Треба да јавувате за ’Слободна Југославија’ и за учеството на бугарските трупи. Бугарите го зазедоа Лесковац со помош на нашите единици. Сега нашите и бугарските единици водат жестоки борби во секторот Ниш. Освен тоа, бугарските трупи водат и силни борби во реонот на Плоча. Политички е некоректно што досега молчевте за учеството на бугарските трупи во борбите“,

се цитира дописот на Јосип Броз.

Факсимил од писмо на Јосип Броз Тито до Арсо Јовановиќ

На 4 ноември 1944 година, Тито испраќа уште едно писмо до Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

„Германците нагло се повлекуваат од југ кон Косово и Метохија, од каде што се обидуваат да се пробијат преку Санџак кон Сараево. На секторот Куманово – Приштина сериозно се загрозени од нашите и бугарските единици. Кај вас се преостанати мал број германски сили кои нема да се повлечат додека вие не ги разбиете.

Важно е да ги ослободите градовите и граничниот појас кон Грција. На границата кон Грција да ги држите сите градови, превоите и комуникациите. Без наше одобрение да не пуштате ничии трупи на наша територија. Многу е важно што побрзо да се заземат Гевгелија, Битола и Дојран“, напишал Тито во овој допис.

Факсимил од писмо на Јосип Броз Тито до НОВ и ПО на Македонија

Во истата книга се пренесува и оригиналната содржина на писмото што бугарските власти го испратиле до Јосип Броз Тито во знак на благодарност што ѝ овозможил на Бугарија да застане на вистинската страна на историјата.

„На вашиот светол пример нашиот народ учи за вооружената партизанска борба против Хитлеровите и бугарските агенти. Нашиот народ се чувствува виновен кон југословенските народи, особено кон српскиот и македонскиот, што дозволи Германците да го направат поробувач, а од бугарската војска да направат Хитлерова полиција на Балканот. Бугарскиот народ е спремен што подобро да го избрише срамниот спомен за ова и да отвори пат за вечен, нераскинлив сојуз помеѓу јужнословенските народи. Ни вам ви должиме вечна благодарност за поддршката и братската помош со која се создадоа првите партизански одреди“, се вели во дописот на врвот на ЦК на Работничката партија на Бугарија до Тито.

Лично Тито склопил пакт со бугарската народна војска

Во книгата „Битка за Србија“ од Петар Вишниќ, посветена на конечното ослободување на Србија од фашистите, пренесен е дел од говор на Јосип Броз одржан во Високата воена школа на Југославија.   Во таа пригода Тито говорел:

„Кога од Москва стигнав во Крајова, Романија, дојде една бугарска делегација на чело со Добри Терпешев (потпретседател на владата) и еден армиски генерал, да зборуваат со мене за можноста бугарската војска да учествува во завршните операции против Германците. Кажаа дека ЦК на Бугарската партија моли да ѝ допуштиме на бугарската, сега Народна армија, заедно со нашата народноослободителна армија, да води борба против Германците. Нагласија дека тоа е неопходно за да се испере срамот што го нанела фашистичката влада на Бугарија со тоа што војувала на страната на фашистичка Германија и ги окупирала Македонија и дел од Србија. Признавам дека многу се мислев, затоа што знаев дека тоа нема лесно да помине кај нашиот народ. Побарав од Штабот во Македонија итно да ми јави како народот гледа на бугарската војска по капитулацијата и дали соработката со бугарските трупи против Германците би предизвикала незадоволство. Тогаш во пораката до нив наведов дека и понатаму мислам дека соработката со поранешна окупаторска војска ќе има поголема штета за нас отколку полза. Меѓутоа, имајќи го предвид развојот на добрососедските односи помеѓу нашите две држави, особено за олеснување на меѓународната положба на нова Бугарија, а и сметајќи дека учеството на бугарската војска во заедничките операции може да биде корисно, по советувањето со другарите од Врховниот штаб, јас дадов позитивен одговор.“

На состанок со бугарска делегација Тито потпишал декларација за заеднички операции на дел од југословенската територија. Во својата книга Вишниќ го пренесува оригиналното соопштение кое е издадено од претседателот на Националниот комитет на Југославија, во кое се наведува:

„Постигната е согласност за воена соработка во борбата против заедничкиот непријател. Сите прашања што потекнуваат од сојузничките односи и пријателската соработка со Бугарија ќе се решаваат во духот на братските и заедничките интереси на народот на Југославија и народот на Бугарија. Делегатите од Бугарија изразија подготвеност да сторат сѐ за да ја исправат неправдата што им ја нанеле на народите во Југославија преку фашистичките елементи во бугарската влада и дека ќе се заложат за нормализација на односите.“

извор: 360stepeni.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.