Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Екстремистички изјави од било која страна не може да не придвижат напред

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 27, 2020 15:39

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека фактите оти македонскиот народ ја остварил својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, оти АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет, дека нашата државност се заснова на антифашизмот, како и дека земјава била ослободена од македонските борци од НОБ се неспорни и тоа не може да биде доведено во прашање. Сепак, вели, за да да продолжи Северна Македонија напред треба да се бараат решенија со Бугарија преку дијалог и заемно почитување на двете земји и народи. 

-Многу е важно уште еднаш да се повторат некои факти што се неспорни, а тоа е прво дека македонскиот народ ја оствари својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, дека АСМОМ е историска потврда на нашиот македонски јазик  и на македонскиот идентитет и нашата  државност почива на делата на  антифашизмот. Тоа во ниту еден момент не било и не смее да биде доведено  прашање. Затоа  што она што го направија борците во НОБ против фашизмот е создавањето македонска држава во која што се потврдени  македонскиот јазик и македонскио идентитет, рече на денешната прес-конференција министерот Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за став во врска со интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС:

Интересот на Република Северна Македонија интересот на Македонците, интересот на граѓаните што живеат во нашата земја, иднината, перспективата на оваа држава, на овој народ, потенцира Спасовски, мора да бидат во фокусот на нашето внимание.  

-Впрочем тоа е заложбата и на премиерот и на Владата – да направиме се во иднина за да  продолжиме по тие патеки кои значат извесни перспкетиви, а секако дека тоа доаѓа со изнаоѓање решенија до кои се доаѓа само преку дијалог. Така што, не може во ниту еден момент екстремистички изјави од било која страна да не придвижат напред и да доведат до решение. Тоа треба да се направи со трезвеност, со  една силна и јасна  визија за тоа што треба да првиме во иднина, кои се нашите преспективи и со  меѓусебнот почитување на нашата историја, на нашата посебност, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека  македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој не може и не смее да разговара, а не да преговара, заради тоа што, како што рече, тоа е право на самоопределување.

-Сметам дека таа желба што ја имаат и премиерот и членовите на Владата и  огромен број граѓани е да не се дозволи тоа што се случувало пред седум или осум децении да биде пречка за нашата перспектива и за нашата иднина.  Значи  никако да не заборавиме што се случувало во минатото, никој не може да ги побие било кои  од историските факти, меѓутоа мораме да одиме напред, историјата треба да ја оставиме на  историчарите, а иднината е во наши раце. Сите заедно треба да продолжиме кон подобра, посветла  иднина и перспектива, рече министерот Спасовски.

Прашан дали градот од кој е тој – Куманово бил ослободен од Бугарите или од македонските борци тој истакна дека „е ослободен од македонските борци против фашизмот”.

-Моето Куманово е ослободено на 11 ноември од  борците против фашизмот и Македонија е ослободена, исто така, од борците на НОБ против фашизмот.  И тука се потврдени факти за ова, не треба сега да дебатираме заради тоа што јасен став и непобитен факт дека Македонија беше една од државите кои жестоко се  спротивставија на фашизмот и се бореа против тој  фашизам. Исто така, се знае дека основата, темелот на македонската држава лежи во АВНОЈ-ска Југославија и во АСНОМ во која што се потврдени македонскиот јазик и македонскиот идентитет, рече Спасовски.

Но, додава, треба да се продолжи со барање решенија за отворање на преспективите за иднината на земјата.

-Се она што се прави од страна на претседателот на Владата и на Владата е да ги отвориме перспективите, да покажеме  јасен пат, да покажеме силна волја дека можеме да најдеме начини и да постигнеме договор за тоа како да продолжиме заедно напред, како што го направиме тоа со Грција да го направиме и со Бугарија, преку почитување на достоинството на двата народа, на двете  држави, да не заборавиме тоа што ни се случувало,  меѓутоа да си простиме во духот на пријателството и  заеднички да продолжиме кон градење намирот стабилноста и  напредокот на овој регион, потенцира министерот за внатрешни работи.

Тој не сакаше да го коментира ставот на поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, само кусо одговори дека секој има право на свое мислење и став за секое прашање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.