НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генерал Апостолски: Во ослободувањето на Крива Паланка, Куманово и други места учествуваше и бугарска војска

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија

Во посебната публикација „НОБ на Македонија“, издадена во Скопје во 1964 година, тогаш генерал-полковник на ЈНА во пензија, Михаило Апостолски, заедно со Јован Поповски, објавува низа фотографии, документи и карти со пригоден текст по повод дваесетгодишнината од ослободувањето на Македонија.

Насловната страница на публикацијата „НОБ на Македонија“ од авторите генерал-полковник Михаило Апостолски и Јован Павловски

Во книгата, Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на Врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје, учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија.

Правци на дејствување на заедничките сили во операцијата за ослободување на Македонија во 1944 година (извор: НОБ на Македонија / Апостолски, Павловски)

„Во Софија, штабовите на Украинскиот фронт и на Отечествениот фронт на бугарската армија, заедно со претставници на НОВ и ПОЈ ги утврдија основните правци на дејствување на Отечествениот фронт на бугарската армија на територијата на Југославија. Овие акции беа усогласени со оперативниот план на Главниот штаб на Македонија“, пишува во книгата во која има и документиран приказ (мапи) на дејствијата што биле подоцна преземени.

Според податоците што ги објавува генерал Апостолски, Првата отечествено-фронтовска бугарска армија на 3 октомври 1944 година ги отпочнува своите операции во долината на Крива Река.

По ослободувањето на Крива Паланка, во битката за Куманово учествуваат и неколку бугарски дивизии (извор: НОБ на Македонија / Апостолски, Павловски)

„Оваа армија, по долга битка, на 8 октомври 1944 година ја ослободува Крива Паланка. Од 12 до 18 октомври тие водат жестоки борби за позициите во реонот на Чифте Ан. Најтешките биле кај Страцин, кои траеле од 22 до 25 октомври 1944 година. Додека тие напаѓаа фронтално, единиците на Кумановската народноослободителна дивизија странично ги напаѓаа германските позиции. После долготрајна и тешка битка, на 11 ноември 1944 година, конечно, единиците на Првата отечествено-фронтовска бугарска армија и единиците на Кумановската дивизија го ослободија градот Куманово“, вели Апостолски.

Освен во битките за ослободување на североисточниот дел од Македонија, меѓу другото и на Скопје (види слика), бугарските антифашисти претходно учествуваат во операциите за ослободување и на Берово, Пехчево, Пробиштип и Кочани.

Правци на движење на единиците на НОВ и ПОЈ и на Отечествениот Фронт(извор: НОБ на Македонија / Апостолски, Павловски)

„Единиците на 50. дивизија, заедно со единиците на Петтата отечествено-фронтовска бугарска армија, на 22 октомври 1944 година го ослободија градот Кочани. Во сите овие градови народот со голема радост, воодушевување и со веселба ги дочека своите синови – ослободителите на Македонија“, пишува Апостолски.

извор: 360степени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.