Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Јас немам тефтерче за судии, тие самите ќе создадат одговорен и отчетен систем

0
By Нова ТВ on November 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 30, 2020 21:11

„Основна задача ни е на дело да покажаме дека се подига довербата на граѓаните во судството. Тоа не се постигнува ако се грижиме за привелегии, за високи плати,или ако не се грижиме за правата на граѓаните, или ако правосудниот систем не испорачува правда. Едно е сигурно мора да бидат трнаспарентни и судовите и обвинителствата, да бидат одоговорни, да нема застрување на постапки, ниту да има игнорирање на позицијата на која било странка во постапката. Затоа имаме јасен план за проверка на работата на судиите и обвинителите, тоа го работиме заедно со Советот на судии и Советот на јавни обвинители. Со тоа имаме намера сите да се чувствуваат поодговорни, да учевствуваат во креирање на големата слика.

Ние во изминатите три години имаме судски пресуди кои што укажуваат на тоа дека навистина нема недопирливи, и ние со тоа покажуваме чекори напред“-изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за телевизија Стар.

Тој нагласи дека прочистувањето во судството нема да биде класичен Ветинг, како во Албанија, но дека крајната цел е да се направи одговорно и отчетно судство.

„Владата е тука да им ги подобри капацитетите на судовите и на обвинителствата, но тие да ја потхранат работата, да ја зголемат одговорноста, да ја претстават својата работа таму каде што треба, а негативните појави да се испрваат и да се корегираат. Тие што не заслужуваат да не се дел од ситемот понатаму. Откако се донесени некои законски измени, имаме веќе разрешување на осум судии и веќе 80 дисциплински постапки се покренати. Кај судиите тоа оди побавно заради процедурата. Имаме неколку крупни имиња кои не се дел од судството, како Панчевски, Вангеловски и други, и тоа е добар почеток да се врати довербата кај граѓаните, но тоа не е доволно за вкупниот впечаток. Граѓаните очекуваат судиите да работат независно, но и да се одговорни. Јас немам тефтерче за судии, тие тефтерчиња се кај Советот на јавни обвинители и кај Судскиот совет. Ако граѓаните видат видливи резултати, препознаат дека имаме професионален пристап, делата се спроведуваат на време, законот важи за сите, дека имаме неселективен пристап за поранешни и актуелни функционери… Затоа велам судството мора да биде поодговорно кон граѓаните и да чувствува потреба да кажува јавно како и што работи.“- рече Маричиќ.

На крајот тој истакна дека професионалните и добрите судии и обвинители, оние кои не се засегнати од прочистувањето и кои навистина сакаат да помогнат во реформите, се на страната на граѓаните и на страната на Владата затоа што се свесни дека целиот процес е заедничка мисија и дека е важно на крајот да се воспостави одоговорен и отчетен систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.