Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорот Скопје-Софија ќе се пресели во НАТО, анализа на „Катимерини“

0
By Нова ТВ on December 1, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 1, 2020 11:08

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија ризикува да создаде нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени. Се чини дека сега ќе се појават конфликти уште меѓу две земји поради двовековен етнички спор, пишува Ставрос Цимас во својата анализа за „Катимерини“.

И Бугарија и Северна Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија заради нејзината улога како надзорник на Црното Море и јужниот дел на Русија, а Северна Македонија како тампон зона против понатамошно руско влијание во срцето на Балканот. И двете земји многу силно ги чувствуваат ефектите од американско-рускиот конфликт на влијание, додава аналитичарот.

Сепак, се чини дека НАТО не е загрижен за ривалството на релација Софија-Скопје, гледајќи на него како на европско прашање што треба да го решат земјите-членки на ЕУ. Приговорите на Бугарија за пристапот на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од непочитување на пристапните критериуми, како што е потребата за зајакнување на демократијата и борба против корупцијата. Наместо тоа, тие се поттикнати од историски тврдења кои го вжештуваат национализмот во обете земји и во одреден момент спорот ќе има влијание врз НАТО, освен ако во меѓувреме не се решат разликите, се додава во текстот објавен во Катимерини.

Антибугарското расположение во Северна Македонија се интензивираше со благослов на политичкото раководство и медиумите, а позицијата на Скопје кон Софија станува се поагресивна. Индикативно е одбивањето на барањето на Софија да учествува во воздушната заштита на НАТО во Северна Македонија, како и повлекувањето од проектот за бугарската нуклеарна централа Белене. Наместо тоа, избраа да го поддржат проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополис.

Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичката елите главно се потпира на националистичкото расположение, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа за отстапување од вистинскиот пат, заклучува Ставрос Цимас во анализата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.