Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Директорите на болниците бараат засилено обезбедување, камповите со мигранти дополнителен Ковид ризик

0
By Нова ТВ on December 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 3, 2020 12:41

Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат пообезбедно кога има војска, рече денеска в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Во разговор за телевизија 24, Ангелов истакна дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час.

Според Ангелов, во моментов земјава се соочува не само со корона кризата, туку и со мигранстката криза. Има информации дека во одредени кампови КОВИД-от е многу раширен, па секој влез, движење и трансфер низ земјава на таквите лица е дополнителен здравствен ризик за граѓаните.

-Денес во болниците имаме војска и полиција. Но, дали некој видел војска и полиција, а тие се сепак се таму. Неколку пати сум ги посетил, да видам дали се на своите места. Можам да кажам дека и војската и полицијата се за пофалба зашто на високо ниво одговараат на обврските. Нема ниту еден инцидент во кој е вклучен полицаец или припадник на Армијата кој работи на обебзедување, истакна Ангелов.

Во овој момент, потенцира, нашите војници освен што г обезбедуваат здравствените капацитети како поддршка на полицијата, истовремено се распоредени и на јужната и северната граница.

-Во овој момент во земјава имаме две кризни состојби, едната е со КОВИД-19. Во тек е првиот месец и ќе биде продолжена уште шест месеци. Втората кризна состојба не е на целата територија, туку само на јужната и северната граница и е поврзана со мигрантите, со нивниот влез и транспорт низ Северна Македонија. Мигрантите, покрај безбедносниот ризик, внесуваат и зараза. Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен Ковид-19 зашти тие таму немаат никакви ускови, посебно не хигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивнито трансфер, влез и дбижење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на Ковид, рече Ангелов.

На прашањето дали има притисок на јужната граница, в.д. директорот на ЦУК одговори дека располага со информации, но тоа е надвор, како што истакна, од она што смее да го каже.

За нови болнички кревети во спортските сали како „Борис Трајковски“ и онаа во Аердором, засега не се размислува.

-Во овој момент воопшто не сме разговарале на оваа тема. Проценките на Комисијата за заразни болести е дека иако бројот на КовидД болни е висок, состојбата е под целосна контрола. Нашите заложби се во насока да ја подигнеме свеста кај граѓаните за почитување на заштитните мерки и тоа е вистинскиот рецепт како да го заштитиме нашето здравје. Ако бројот на болни почне нагло да расте, имаме уште неколку приватни и државни болници кои може да се пренаменат во КОВИД центри. Во Скопје има една таква приватна болница, а има и други надвор од Скопје. Некои зборуваат и за касарни, но тоа се објекти кои воопшто не одговараат за болни, истакна Ангелов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.