СДСМ обвинува за тендерски скандал во здравството тврдејќи дека министерството за здравство склучило договор со агенцијата за обезбедување СГС за руинирана болница во Крива Паланка.
-Здравствениот дом во Крива Паланка, под надлежност на министерот за здравство склучил договор со омилената фирма за обезбедување на власта, Секјурити груп сервис, вреден речиси 60 илјади евра, и тоа за обезбедување на имот, изјави Борјанчо Мицевски од СДСМ на прес конференцијата одржана попладнево.
-Значи, Министерството со коешто раководи Никола Тодоров, нема пари за подобрување на катастрофалните услови во болницата во Крива Паланка, ама дава речиси 60 илјади евра за обезбедување на истата болница“, рече Борјанчо Мицевски.
СДСМ обвинува дека тендерот е повеќе од два пати повисок од проценетата вредност, а немало ниту податоци колку понуди имало и дали ова било најдобрата понуда.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од болницата за која е платено 60 илјади евра за обезбедување. СДСМ и претходно на прес конференции обвинуваше дека агенцијата СГС има добиено десетици милиони евра државни тендери за обезбедување, а тврдеа дека истата е поврзана со директорот на УБК Сашо Мијалков.






