Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ленче Ристоска: Високи влогови за борба против висока корупција

0
By Нова ТВ on December 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 9, 2020 08:09

Високата корупција е интернационален феномен, која секаде има ист потпис. Неа во основа ја карактеризира инволвираност на субјекти од висок профил, кои се од политичкиот, државен, финансискиот, економскиот, медиумскиот, па и правосудниот врв на општествата. Интеракцијата меѓу овие партиципанти на полето на корупцијата еволуира во високо-технолошко, географски-дисперзирано делување на кое мора соодветно да се одговори.

Договорите меѓу службени лица и бизнисмени, размената на моќ за пари, злоупотребите на службените овластувања за приватен бенефит и трговијата со влијание, се само дел од примерите дека високата корупција е појава од која имаат корист сите инволвирани во коруптивните активности. Тука лежи интересот на сите инволвирани страни корупцијата да остане сокриена во нивните приватни архиви, па не ретко моќта која ја поседуваат се користи за уништување на докази, влијание на сведоци и притисоци и влијанија врз органите надлежни за борба против корупција.

Воедно, круговите во кои се одвива високата корупција поседуваат информации за начинот на кој може да се злоупотребат легалните можности, па во насока на прикривање на коруптивните дејствија и приносите од корупција забележителна е појавата на користење на правни лица основани во странски јурисдикции, реализација на трансакции преку сметки во странски банки, склучување на фиктивни договори за работи или услуги, запишување на сопственоста на име на други лица, итн.

Сите овие аспекти го прават истражувањето и докажувањето на коруптивните кривични дела особено тешко, поради што органите на прогонот се соочени со потребата од адаптирање на пристапот во истражувањето и излегување надвор од рамките на досега воспоставените практики.

Современиот пристап во истражувањето на корупцијата подразбира обезбедување и анализа на голем број на посредни докази, нивно индексирање и доведување во заемна корелација, спроведување на темелни финансиски истраги, следење на патот на парите и потеклото на имотот. Од особена важност е органите на прогонот да имаат на располагање технички и човечки ресурси и капацитети кои ќе го олеснат истражувањето на случаите на корупција, да се меѓусебно поврзани и непречено да разменуваат информации, како и да се поврзани со меѓународните организации и мрежи на професионалци кои можат да пружат помош во обезбедувањето на информации и докази кои се лоцирани во странски држави.

Сепак за видливи и долгорочни ефекти во борбата против високата корупција политичките заложби за борба против корупција треба да го напуштат досегашниот декларативен карактер и да се фокусираат на реално надминување на недостатокот од професионализам поради партизираност на кадри кои ја опструираат борбата против корупцијата, на отсуството на слух за буџетските потреби на клучните институции надлежни за справување со корупцијата, на технолошката назадност и несинхронизираност, како и на недостаток од интерконектираност на институциите. Воедно, имајќи предвид дека предизвикот за конфронтирање со високата корупција подразбира соочување со моќни поединци кои имаат добро поврзана мрежа на поддржувачи и соработници и кои по секоја цена сакаат да ги заштитат сопствените интереси, повеќе од потребно е системско делување и формирање на поширок фронт од општествени чинители. Овој фронт треба да придонесе за подигање на свеста во општеството за негативните ефекти од корупцијата и за градење и негување на професионални, морални и етички стандарди, преку промоција на транспарентност, храброст, истрајност и интегритет.

Ленче Ристоска

 

Ленче Ристоска е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје и јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда.

Текстот е преземен од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

фотографија: @eurojust

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.