Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За учителот

0
By Биљана Секуловска on December 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 12, 2020 10:19

Да се сакаат политичарите, или да се мразат интензивно, сеедно е, и онака се е многу потешко со нив. Многумина од нив ништо од тоа не заслужуваат, дури и најнепријатната форма, да бидат презрени. Тие ги зголемуваат сите празнини, во нашите уште попразни животи, од нив зависиме, со нив паѓаме и пропаѓаме и ретко кога се издигнуваме.

И се е тоа многу важно, тоа е смисолот на сите наши животи полни со дупки, се додека не наидете на некоја вест, навечер.

Починал “Tаткото на модерната македонска архитектура”, “Eден од најважните 55 светски архитекти”, “Великанот на светската архитектура”, “Македонија загуби голем човек”. Почина Георги Константиновски. Дел од насловите покажуваат и нешто друго- дека во оваа држава останале и поинакви, големи новинари, оние што навистина знаат што се направил Константиновски, за земјава и за светот. Новинари што навистина го загорчуваат празниот живот на многумина од нашите почитичари. На политичарите не им се прави голема услуга ако фалбите се секојдневни, ги фасцинираат постојано новинарите, немаат многу почесто дистанца и резерва, тогаш кога нагласувањето на почитта станува постојана фиксација.

На Георги Константиновски, освен на делата, се сеќаваме и на неговата острина и жестина, со која ја анализираше и критикуваше гласно и одлучно власта на Груевски, варваризмот на Скопје 2014 произлезен токму од лабораторијата на апсурдот, корумпираноста и мизеријата на груевизмот. Тоа беше време кога имаше многу малку архитекти кои излегуваа јавно да говорат, да протестираат и да маршираат против скрнавењето и културниот геноцид на оваа држава.

Константиновски го носеше бајракот, како тоа и често бива со вакви држави- храброста да биде чест за постарите генерации, револуцијата да биде нивниот печат. Константиновски јавно го изразуваше презирот кон таквата политика, кон тие политичари. Читам, за неговите ученици- денес почитувани архитекти, тој бил оној- учителот, кој ги обележува засекогаш животите. За сите останати, за нас, повторно учител- за тоа како се водат револуции, кога се бива скоро осамен, додека подоцна доаѓа време да бидат следени тие учители.

И затоа- Георги Константиновски- можеби не знаеше дека ќе биде запаметен и како современ македонски револуционер, за што можеби ќе беше изненаден, можеби и никој не му кажал доволно гласно или пак којзнае дали било кажано сосема јасно.

Можеби ќе му било драго што сме го запамтиле и на друг начин, освен за славата во архитектурата -дека празнината на политиката ја пополнил во подобар свет за сите нас.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.