Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата препорача ЈO да им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

0
By Нова ТВ on December 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 12, 2020 18:05

Владата на денешната седница усвои информацијата за извршување на одлуката на Уставниот суд во однос на спроведувањето на поништувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) за време на вонредната состојба.

– Владата донесе заклучок да му препорача на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација и обезбедувањето на финансиските средства, на јавнообвинителските службеници и другите лица вработени во СЈО, да им понуди склучување на вонсудска спогодба со која јавнообвинителските службеници и другите лица вработени ќе се согласат дека со исплатите на плата и други надоместоци за месеците декември 2019, јануари, февруари и март 2020 година исплатени по присилен пат преку Управата за јавни приходи ги оствариле правата од работен однос за исплата на плати и други надоместоци за наведените месеци, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се согласува да од неговата трезорска сметка, потпрограма 21, расходна ставка 464 – разни трансфери, се изврши исплата на  платата и други надоместоци според пресметката на Управата за јавни приходи во постапката за присилно извршување за месеците април, мај и заклучно со 30 јуни 2020 година, соопшти владината Прес-служба.

Како што се наведува во соопштението, со склучувањето на вонсудската спогодба јавнообвинителскиот службеник и лицето вработено во СЈО се откажува од камати или било какви други надоместоци и трошоци во било каква постапка и се обврзуваат да ги повлечат тужбите по основ на плати, камати и други надоместоци.

– Владата го задолжи Министерството за финансии на буџетската сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да додели средства од 13.350.000,00 денари, заради исполнување на обврските по вонсудските спогодби за плати и други надоместоци, а му препорачува на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доколку во определениот рок не склучат вонсудските спогодби, за тоа да го известат Државниот правобранител на Република Северна Македонија заради преземање на соодветни правни средства, информирајќи го за висината на исплатените плати и на средствата уплатени по фондовите по основ на придонеси и даноци, се додава во соопштението од владината седница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.