Published: Sunday, February 16, 2014 14:58
Претпладнево мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек.
Сообраќајката се случила кога се судриле автомобил “фијат добло” и мотор. Од силината на ударот и автомобилот и моторот се запалиле.
Автомобилот го управувал З.Н. , а моторот Зоран С. кој загинал на местото на несреќата.
Причините за сообраќајката се уште се утврдуваат.
Фото: 10без10




