Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевче Јакимовски до СДСМ: Поддржете го нашиот претседателски кандидат

0
By Нова ТВ on February 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 16, 2014 16:52

Претседателот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, јавно ја повика СДСМ да застане позади кандидатот за претседател на Република Македонија на ГРОМ Зоран Поповски и тој да биде заеднички кандидат, во неможност да понудат сопствен.

Во присуство на лицата од советничката листа на последните локални избори и светниците на ГРОМ во Карпош, како и високи функционери на партијата, и претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски, лидерот на ГРОМ , одржа конференција за медиуми по повод почетокот на процедурата за собирање потписи за поддршка на кандидатура за претседател на државата.

– Денеска е свечен ден за членовите на Граѓанската опција за Македонија. Денеска, 16 февруари 2014 година, нашата партија почна со собирање потписи за поддршка на претседателскиот кандидат, проф. д-р Зоран Поповски.

Јас и овие 23 кандидати за советници, на 16 февруари минатата година одлучивме да ја напуштиме погрешната политика на Бранко Црвенковски и на опозицијата и одлучивме да излеземе на редовните локални избори. Ние и денеска тврдиме дека тоа беше најголемата грешка на главната опозициска партија, но, во секој случај, јас, заедно со моите советници, однесовме победа во Карпош. Ние и тогаш му понудивме коалиција на Социјал-демократскиот сојуз во Карпош, но бевме одбиени.

Денеска сме подготвени повторно да понудиме соработка, имајќи предвид дека СДСМ има проблем затоа што ниту еден негов партиски функционер не прифаќа да биде кандидат за претседател на овие претседателски избори.

Затоа, сакаме да ги повикаме да го поддржат господинот Зоран Поповски, на тој начин скратувајќи ги своите маки, а во текот на денешниот ден Граѓанска опција за Македонија ќе ги собере потребните 10.000 потписи потребни за неговата кандидатура – рече Јакимовски, дополнувајќи дека доколку кандидатот на ГРОМ биде поддржан од опозицијата, најверојатно ќе биде победник на овие претседателски избори.

На новинарското прашање во врска со обвинувањата од СДСМ дека лидерот на ГРОМ, како актуелен градоначалник на Општина Карпош, потрошил 120.000 евра за спортска опрема, Јакимовски одговори дека во соодветна судска постапка, на тие што паушално обвинуваат ќе им биде разјаснето каде се трошат парите на граѓаните од Карпош.

Во врска со мислењето на јавноста дека власта подготвува терен за победа на овие избори, делејќи субвенции и олеснувања за одредени категории граѓани, Јакимовски со став- дека таквите дејства не се случуваат првпат во земјава и не се многу од корист, како и тоа дека токму опозицијата е таа што треба да е посилна за да дојде на власт, така што ќе ја убеди јавноста во своите вредности и предности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.