НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МКЦ: Се примаат вработени од “Македонски шуми”,се бркаат претходните работници

0
By Менче Атанасова Точи on February 16, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Златко Стевковски

Единаесет луѓе кои биле примени преку огласот во „Македонски шуми“ се прераспределени да работат во Македонскиот културен центар, дознава НОВА. Станува збор за социјално ранливите категории граѓани кои јавно, преку лотаријата на МТВ беа избрани за да работат во „Македонски шуми“.

Дел од нив се распоредени да работат во киното „Милениум“, а дел останале во МКЦ. Извори од МКЦ велат дека новите вработени кај нив биле прераспределени околу Нова Година и веќе добиле решенија за работа на неопределено време.

Сепак, нашите извори велат дека тие се примени без реална потреба бидејќи не се стручни за работните места за кои МКЦ всушност има потреба.

-Примени се луѓето на работа, но седат така, не по нивна вина. Ние навистина имаме потреба од нови вработени, но стручни луѓе како што се тон мајстори, 3Д аниматори, сервери. Ново примените не се стручни за тоа, тврдат нашите извори.

За сметка на ново примените неколку луѓе кои работеле со договор за дело подолго време таму, си заминале дома.

НОВА го побара директорот на МКЦ Златко Стевковски под чија капа е и киното „Милениум“, за да ја провериме информацијата. Тој потврди дека се примени 11 луѓе, но вели дека се е согласно со постоечката систематизација, коефициентите и потребите на МКЦ.

-Тука кај нас има испразнети работни места по различни основи и затоа ние со години плаќавме луѓе кои работеа за хонорар. Ние имаме потреба од тон мајстори, луѓе што работат на билетарница, хигиеничари и доколку можеме би примиле и 20 нови луѓе, изјави за НОВА Стевковски.

Тој рече дека дел од новите вработени се распределени во киното „Милениум“, во билетарница, на информации, еден од нив е назначен да работи на проекција на филмови.

Откако Владата го објави огласот дека за потребите на „Македонски шуми“ се потребни 1600 нови вработени, среќните добитници беа извлечени на лотарија која се случуваше во живо на МТВ. На огласот се јавија дури 20 000 луѓе од социјално ранливите категории.

Многу од кандидатите се жалеа на изборот, а најголем дел од тие што беа извлечени на лотаријата не се вработија во „Македонски шуми“. Сега овие луѓе сега с е на мака бидејќи се препраќаат во државни фирми, кои ниту барале, ниту имале потреба од таков кадар.

Седум такви среќници се распределени да работат и во Клиничка биохемија, каде што се работат анализи на крв. Тие веќе два месеци не земале плата, а во меѓувреме го изгубиле и правото на социјална помош.

Станува збор за неколку самохрани мајки и социјални случаи кои од втори декември доаѓаат на работа, но се уште немаат статус на вработени и не знаат кој ќе им го исплати надоместокот за сработеното.

Извори за НОВА велат дека ново примените не се лаборанти од кои тие навистина имаат потреба, но за да им се најде каква таква работа се распоредуваат по шалтери. За сметка на нив луѓе што со години работеле со договор на дело, морале да си одат дома.

-Од тие луѓе ни зависеше дежурството бидејќи сме малку, а тие си ја знаат работата, велат за НОВА извори од Клиниката кои сакаат да останат анонимни.

Директорката на Клиника д-р Соња Кузмановска пред неколку дена за „Плусинфо“ изјави дека проблемот е сложен и дека Клиниката се обидува да им го реши проблемот на овие лица. Сепак, додава дека на овие луѓе минатата недела, им биле прифатени документите во Агенцијата за вработување и исплатата треба да започне наскоро.

– Проблемот е деликатен и повеќеслоен. Крајно се трудиме да ја решиме ситуацијата, бидејќи на лицата од моментот кога беа распределени кај нас им беше укината и социјалната помош – посочува Кузмановска.

Според информации на НОВА, добитници на лотаријата започнале да се распоредуваат и во приватни фирми, а некои сопственици биле изненадени од луѓето што тропнале на нивните врати , бидејќи тие воопшто не барале нови вработени.

Директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, деновиве изјави дека претпријатието нема обврска да ги исплаќа луѓето, бидејќи тие немаат засновано работен однос во ова јавно претпријатие.

Караџовски пак, на денот на објавувањето на огласот за вработување на 1600 луѓе во „Македонски шуми“ во интервју за Капитал ја објасни потребата од големиот број на вработувања и зборуваше за оправданоста од ваквиот оглас.

-ЈП„ Македонски шуми“ има долгорочна стратегија. И ваквиот чекор е дел од таквата стратегија. Во медиумите на долго и на широко се пишуваше зошто ова претпријатие не ја врши самостојно целата работа, туку зависи од соработката со многу надворешни компании. Токму ваквиот чекор е во таа насока, односно намалување на трошоците кон надворешните соработници, а со тоа зголемување на капацитетите за работа на самото претпријатие, изјави за „Капитал“, Караџоски.

Тој објасни дека станува збор за вработување на 1.000 помошни работници, 500 референти и 100 соработници и советници.

Во „Македонски шуми“ работат 2.330 лица и ова претпријатие важи за едно од јавните претријатија со најголем број вработени.

-Ние имаме оправданост за ваквиот оглас. Од една страна преку прераспределбата на вработените ќе се ослободиме од кадарот кој ни беше на товар, а ќе вработиме лица чиј профил одговара за работните места во ЈП „Македонски шуми“ и на тој начин веќе ќе нема потреба да ангажирам и приватни фирми да ги вршат основните задачи за ова претпријатие, рече тогаш Караџоски.

Но, луѓето кои што беа избрани на лотаријата не се избирани со стратегија, ниту се подготвени за одговорат на потребите на „Македонски шуми“ како што е работата со сечење и транспорт на дрва на пример.

По ова, останува Караџовски да објасни зошто всушност е распишан огласот во „Македонски шуми“, колку луѓе се примени на работа таму, колку од тие што биле ангажирани со години се отпуштени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.