Две од петте деца, кои вчера беа потешко повредени при експлозија на бомба во ромската населба во Тетово, се сеуште хоспитализирани. Едното дете се наоѓа на Клиниката за детска хирургија.
А другото е во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, каде му била извршена операција на стапалото, потврди за НОВА директорот Сашо Стојчев. Децата се надвор од животна опасност.
Настанот се случи вчера кога поголема група деца играле во дворот кога, од засега се уште неутврдени причини, експлодирала бомбата. Повредените деца беа префрлени во болници во Тетово, а две потешко поврeдени девојчиња во Скопје.
Како што информира за НОВА, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, приведени и задржани во полициска станица Тетово се 47-годишниот Н.К. и неговиот 28-годишен син Н.К., а повикан на разговор е и еден 15-годишен малолетник во присуство на родителите.
„Таткото, синот и малолетникот се посочени дека на посреден или непосредедн начин биле инволвирани во вчерашното активирање на непозоната експлозивна направа“, изјави Јосифоски.
По обавување на разговорите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.




