Published: Monday, February 17, 2014 15:15
Резултатите од судска медицина се уште ги нема добиено јавниот обвинител Ахмет Ахмеди, кој ја води истрагата со труење од гас, кое се случи во петокот во средното економско училиште „Гостивар“.
Додека истрагата е се уште во тек, денеска училиште работи нормално.
Според директорката Јованка Огњаноска првата смена се одржала според распоредот и таа ги очекува информација од Обвинителството и резултатите од истражните органи.
Во петокот 60-тина лица, (ученици, наставници, обезбедувач и полицаец) побараа медицниска помош. Од нив 14 беа згрижени на Клиниката за токсикологија во Скопје, поради симптоми на труење. Ден подоцна, сите се пуштени на домашно лекување.




