СДСМ преку вакви прес конференциии се обидува да ја дефокусира јавност од огромниот скандал во кoј дирекно се вмешани градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, реагираат во ВМРО – ДПМНЕ по објавата на СДСМ дека власта потрошила 740 илјади евра за две реклами во здравството.
Владеачката партија возвраќа дека токму Максим Димитриевски, како висок член на раководството на СДСМ и како претседател на советот на Општина Куманово, требаше денес да излезе и да одговори како е возможно фирмата на потпреседателот на СДСМ Дамјан Манчевски да дoбие тендер во висина од окулу 400 000 евра во Куманово.
„Јасно е дека СДСМ имаат против тоа граѓаните да дознаат кои се новите придобивки и можности кои треба да ги искористат како во оваа, така и во другите свери. СДСМ се плаши од проектите на власта“, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ експресно реагираше: ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од одговорите за потрошените 740 илјади евра народни пари за само две рекламни кампањи во здравството кое се наоѓа во катастрофална состојба. Зошто пак кога е во прашање владиниот интерес за себерекламирање власта го избира квалитетот како клучен критериум?
„За Владата на ВМРО-ДПМНЕ квалитетот на рекламите е поважен од квалитетот на вакцините и лековите за граѓаните“, смета СДСМ.
СДСМ праша: Дали за ВМРО-ДПМНЕ придобивка за граѓаните е договорот за обезбедување на болницата во Крива Паланка, која е пред распаѓање, тежок 60 илјади евра?
Дали можеби за ВМРО-ДПМНЕ придобивка е тоа што пациентите од болницата во Велес се препраќаат да се лекуваат дома?
Максим Димитриевски, член на ИО на СДСМ денеска објави дека власта троши огромни суми народни пари за себерекламирање. За само две рекламни кампањи во здравството Владата на Никола Груевски склучила договори во вредност од 45 милиони денари или 740 илјади евра.
Кампањата „за информирање на граѓаните и здравствените работници за можностите кои им се на располагање“ ги чини граѓаните 578 илјади евра, а кампањата „подобрената здравствена заштита’ е тешка 161 илјади евра.
Тој потсети на проблемите во здравството: осма година болницата во Штип е во најава, пациентите од болницата во Велес се препраќаат да се лекуваат дома и слично.




