Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛГБТИ мрежа: Поддршка и солидарност со стечајните работници

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2014 15:25

Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија ја изразува својата поддршка и солидарност со стечајните работници и прогласените за технолошки вишок, и најостро се спротиставува на газењето на основните принципи на правда и достоинство со кои нашите пријатели и пријателки стечајци се соочуваат како исклучително ранлива група во транзицискиот приватизирачки пустош.

Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија упатува апел до сите граѓански организации, сите граѓани и граѓанки, активисти и активистки за човекови права да се приклучат кон борбата, и заеднички да се солидаризираме со нашите сограѓани и сограѓанки во нивните протести и заеднички да го изразиме незадоволството предизвикано од континуираната егзистенцијална тортура, дехуманизација и експлоатација.

Сметаме дека последното законско решение не само што не нуди правична редистрибуција и надокнада за суштинската тешка ситуација со која се соочуваат стечјаците, туку, уште пострашно, врши и поделба, дискриминира и прави уште поранливи голем број на стечајци, користејќи притоа небулозни аргументи со кои наводно се оправдува продолженото деградирање, осиромашување и бавно убивање на нашите сограѓани.

Мрежата силно нагласува дека нужноста од солидаризирање произлегува од споделените услови на нееднаквост, експлоатација и дехуманизација со која се соочуваат стечајците и сите оние граѓани кои во лудата наезда на угнетувачкиот капитализам и насилниот национализам се сведени на политичките маргини и третирани како општествен вишок и капиталистички трошок. Проживеаните искуства на нееднаквост, неправедност, дискриминација, сиромаштија, насилство и непризнавање не обврзуваат сите нас заедно да застанеме како колективен политички субјект и да и го вратиме достоинството на борбите за демократија, правда и еднаквост.

Сметаме дека континуираното осиромашување, деградирање и потсмевање со бескомпромисната ситуација на стечајците од страна на владеачките политички гарнитури, во услови кога стотици милиони евра се трошат за градење на фиктивни истории и ковање на лажни пари под покровителство на националистичкото лудило, претставува ништо помалку од перверзен, бескрајно нечовечки и политички неодговорен чин.

Потенцираме дека правдата и нееднаквоста се ништо повеќе од илузија и празна политичка реторика доколку не се засноваат и гарантираат земајќи ги предвид, подеднакво, како социјалните потреби за редистрибуција на општествените добра и економските ресурси, така и суштинската човечка потреба за признавање на еднаквата вредност и достоинство на сите луѓе без разлика на нивните разлики.

Истакнуваме дека во ова сме сите заедно, сите сме дел од прекаријатот и ранливи под ударите на профитирачкото и националистичкото насилство, и, затоа, обединети во солидарност застануваме во одбраната на правото за достоинствен живот и еднаков третман на сите граѓани.

ПОИНАКОВ СВЕТ Е ВОЗМОЖЕН, се вели во соопштението на ЛГБТ мрежа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.