Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР не сака да дава државјанства со тројца сведоци

0
By Нова ТВ on January 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 9, 2021 11:48

Предлог-законот за државјанство што го поднесоа албанските опозициски партии не наиде на поддршка во надлежните институции, пишува „Дојче веле“. Министерството за внатрешни работи даде негативно мислење на идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од три сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предлогот го оцени како „политички памфлет“.

 Додека измените поминуваат низ собраниските филтри, во јавноста се кршат копјата околу оправданоста на ваквиот предлог. Ставувањата се дали на ваков начин се отвара простор за злоупотреби околу делење државјанства на тацна, особено ако се покажат како точни калкулациите дека на тој начин до македонски документи би дошле 70.000 лица.

„Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Р.С.Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси“,  е ставот на МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека врз основа на тој став се разработуваат можни варијанти на Закон за државјанство. Кога ќе бидат подготвени, ќе бидат доставени до Владата. Според Спасовски, носењето Закон за државјанство, односно негово предлагање, е исклучиво надлежност на МВР и не може да се очекува дека некој од надвор треба да даде законско решение. Во однос на предложениот законски текст за државјанство од страна на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Спасовски вели дека од тој „политички памфлет“ не може да сфати што сакаат предлагачите, кои не нудат трајно решение.

„Нас ни треба трајно решение, заштита на државните и национални интереси и заштита на граѓаните кои се тука и треба да го добијат тоа државјанство, а од објективни причини не можеле да го добијат досега“, изјави министерот Спасовски, по примопредавањето опрема наменета за потребите на сообраќајна полиција.

Реакции во јавноста предизвика и предлогот тој што ќе добие македонско државјанство „да владее најмалку еден од службените јазици во Северна Македонија, до тој степен да може лесно да се разбере со околината“. Во законот е предвидена можност за државјанство и за потомците на иселениците. Како што се наведува во измените, можноста за добивање државјанство со природување му се дава и на иселеник на кој со досегашната примена, заради условите во законот, ова право му беше ограничено на законски минимум и постоеше правна пречка за негово остварување и од тие причини ваквата можност му се дава и на потомокот на иселеникот од прво и второ колено откако ќе ги исполни законските критериуми.

Зијадин Села кој е еден од потпишаните предлагачи на измените, тврди дека единствената цел е рамноправност на граѓаните кои живеат во земјата.

Иницијаторите на измените тврдат дека законското решение се носи за лицата кои, и по триесет години од распадот на Југославија живеат без документи. Станува збор за граѓани кои се родени и живеат во Северна Македонија, но немаат државјанство иако најчесто ги исполнуваат условите за тоа. „Голем дел од нив се апатриди, луѓе без државјанство и без татковина, а меѓународните конвенции велат дека не смее да се дозволи човек да нема државјанство, да нема документи со кои ќе ги остварува своите права и должности во земјата во која живее”, тврдеше лидерот на Алтернатива и пратеник, Африм Гаши.

Алијансата на Албанците реагираше на изјавата на министерот Оливер Спасовски, околу измените на Законот за законот за државјанство. Велат дека Спасовски „се обидува да ги убеди граѓаните дека е во право за нешто што не е во негова надлежност“, дека ниту барале, ниту ќе бараат мислење од него, бидејќи МВР нема право да дава мислење за законот.

„Спасовски раководи со институција која ги дискриминира своите граѓани по етничка основа, лишувајќи ги од правото на државјанство“, велат од партијата. Тие бараат од Спасовски да го објави бројот на лица без државјанство. „Нека го објави бројот и да се откаже од тенденцијата за замаглување на јавноста со бескорисни писма и мислења, бидејќи немаме потреба за мислење од вас. Дебатата и сите постапки за предметниот закон се одвиваат во Собранието и во согласност со деловникот за работа на Собранието, велат од партијата.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.