Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Измените во законот за градење се неуставни

0
By Нова ТВ on February 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2014 14:05

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска до Уставен Суд на РМ ја достави иницијативата поднесена од општината за преиспитување на два члена од измените на Законот за градење.

„Како градоначалник, моја должност е да ја почитувам волјата на оние кои ме избрале, но пред се’, да го почитувам Уставот на РМ и затоа ја поднесувам оваа иницијатива пред Уставниот Суд. Измените се донесени со единствена цел – на општина Центар да и се одземе надлежноста за издавање на одобренија за градење, надградба и реконструкција на објекти, што досега беше во нејзина надлежност, а сега се пренесува на Град Скопје“, вели Жерновски.

Градоначалникот на Центар посочи дека уште позагрижувачки е Град Скопје ретроактивно да ги легализира сите незаконски поставени скулптури на територијата на општина Центар.

Според Жерновски, по успешниот старт на реконструкцијата на неколку згради со енергетска ефикасност, ВМРО – ДПМНЕ побрзале на општина Центар да и ја одземат надлежноста.

Со овие измени се нарушува правото за извршување на уставните надлежности на единиците на локалната самоуправа, како една од највисоките вредности, утврдени во Повелбата за локална самоуправа од Советот на Европа, ратификувана од Собранието на РМ.

„Ако пратениците од власта не го почитуваат уставот, актите за кои претходно самите гласале и волјата на оние кои ги избрале, очекувам барем советниците од ВМРО – ДПМНЕ од Град Скопје да се издигнат на ситнопартиските интереси и на денешната седница на Советот на Град Скопје, да не расправаат за ова, туку да ја почекаат одлуката на Уставниот Суд. Со ова ќе покажат дека го почитуваат Уставот и дека работат во интерес на граѓаните“, посочи Жерновски.

Во името на граѓаните на општина Центар, Жерновски ги повика уставните судии да бидат брзи и ефикасни во одлучувањето по иницијативата. Ова, рече тој, може да го постават и надвор од редовниот листинг на предмети бидејќи се работи за актуелна тема и бидејќи треба да се застане во одбрана на уставноста на Република Македонија.

Жерновски појасни дека ретроактивно, со измените, Градот Скопје ќе може да ги легализира сите објекти и скулптури и споменици кои што се нелегално поставени и за кои внатрешната ревизија на општина Центар докажа дека се поставени надвор од законот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.