НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ раководи со Независниот синдикат за образование и се обидува ги закочи реформите

0
By Нова ТВ on January 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Безидејното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски продолжува со деструкцијата и обидите да ги закочи реформите. Последен доказ за тоа е најавениот протест на Независниот синдкат за образование и наука и нивните неосновани барања“, велат преку соопштение од владеачката СДСМ.

Според нив, јавноста треба да знае дека овој синдикат не е репрезентативен, туку партиски, воден од Томислав Гиевски, син на Ивица Гиевски советник во Бирото за развој на образованието и истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најавите за протести на НСОН се партиски мотивирани и целосно неосновани, реалноста говори дека како никогаш до сега е одговорено на сите барања на наставниците.

За првпат во нашата држава се креира реформа на исклучиво транспарентен начин со целосна вклученост на сите засегнати страни, каде од самиот почеток на создавањето на реформата се вклучени и се консултираат наставниците.

Во однос на барањето за исплата на двојно зголемениот работен учинок на наставниците од прво до трето одделение, ако Гиевски се водеше од синдикални, а не од партиски интереси, ќе знаеше дека Министерството за образование и наука уште во месец октомври испратило писмо до сите училишта дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа за што обезбедени се и блок дотации за општините“, велат од партијата.

За нив, барањето за исплата на плата во законски предвидениот рок и во висина согласно колективниот договор е целосно неосновано.

„Платите се исплаќаат согласно законскиот рок и договорите. МОН редовно и навремено ги уплаќа блок дотациите кон локалните самоуправи.

Наставниците треба да се спокојни и да не веруваат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наменски креирани синдикати. Ниту еден наставник нема да ја изгуби работата поради реформата. Буквално никој нема да остане без работа, напротив за нив се отвораат нови можности за напредок во кариерата, личен развој и повисоки приходи.

Јавноста по кој знае кој пат повторно сведочи на деструктивно, неодговорно и незрело однесување на опозициската партија. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која знае само за блокади, за креирање поделби и пласирање лажни вести. Затоа уште долго остануваат во опозиција“, стои во партиското соопштение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.