Петре Шилегов продолжува да поставува банални и смешни прашања, а не даде одговор на многу суштински прашања кои што беа поставени до него и до раководството на неговата партија.
Петре Шилегов веќе извесно време не дава одговор како тоа Зоран Заев преку општината со која тој раководи делел тендери на неговиот татко, чичко, брат, братучед или стрина, но и како Зоран Заев успеал да испумпа огромни суми на пари од Општина Струмица во фирмите на неговата фамилија. Исто така, тој не одговори како и зошто Зоран Заев давал тендери и на фирмата во сопственост на сопругот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова.
Петре Шилегов, исто така не одговори и не објасни како тоа сама на себе, Радмила Шекеринска си плаќала кирија дури и за 10 пати повисока од реалната.
Шилегов треба да одговори зошто Дајман Манчевски не понесе никаква одговорност во врска со случајот со добивањето на тендер за стопанисување со паркинзите во Куманово доделен од Општина со која раководи градоначалник токму од редовите на СДСМ или пак зошто тој договор сеуште не е раскинат.
На крај, Шилегов треба да одговори зошто како тогашен претседател на вторестепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на СДСМ, одлучил по основ на жалба за склучен договор, тендерот да го добие фирмата Јавор-Шпед во сопственост на бизнис партнерот на Зоран Заев, Горан Крстев.
Редно време е Петре Шилегов и СДСМ да понесат одговорност за многуте скандали на највисокото раководство на партијата, кое се покажа како раководство кое се води единствено според нивните бизнис интереси.




