„Доколку нашата поддршка како Европјани е послаба од желбата на Русија за контрола, ќе се почувствува политичката разгранетост. Оваа едноставна и моќна порака можеби нема да се прошири како интересните видеа со мачки и бебиња, освен ако не се потрудиме луѓето насекаде низ светот да ја видат“, се вели во објаснувањето на пораката на оваа девојка која се пренесува директно од плоштадот Мајдан, каде што неодамна загинаа 25 луѓе во протестите против Владата на Јанукович.
Во видеото во кое се прикажани снимки од случувањата од почетокот на протестите и судирот со полицијата, како и моменталната состојба на плоштадот Мајдан во Киев, девојката бара меѓународна поддршка, споделување на видеото со пријателите, семејството, како и Владите на различни земји – се што бараат е слободна држава, демократија, и некорумпиран економски и политички систем.