Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов до Венизелос: Македонија постојано бележи напредок

0
By Нова ТВ on February 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2014 13:22

Претседателот Иванов и шефот на грчката дипломатија, Ангелос Венизелос размениле мислења и информации околу процесот на евроинтеграции на Македонија за време на грчкото претседавање со Унијата, соопштуваат од Кабинетот на македонскиот претседател.

Иванов и посакал на Грција успешно претседавање со ЕУ и изразил очекување дека како претседавачи, и покрај фактот што не е во приоритетите, сепак ќе останат посветени на политиката на проширување.

Тој потенцирал дека Република Македонија бележи постојан напредок во клучните реформски области, што е потврдено и со петте последователни препораки за почеток на пристапните преговори, и дека клучна препрека за евро-интеграцискиот напредок и натаму останува прашањето за името.

Претседателот на Македонија посочил дека овозможувањето на паралелно движење на процесот за решавање на билатералното прашање и процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ, доколку се примени во нашиот случај, ќе биде од корист не само за Република Македонија, за Република Грција како и за целиот регион.

„Решение за отвореното прашање е можно само со стриктно придржување до рамката во која се води процесот во ООН, со почитување на постоечките резолуции на Советот за безбедност, Времената спогодба, меѓународното право и пресудата од Хаг“, му порачал македонскиот претседател на министерот Венизелос, дополнувајќи дека навлегувањето во прашањата од сферата на идентитетот и човековото достоинство не е дел од рамката и не придонесува кон напорите за изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

Претседателот Иванов истакнал и дека е потребно е да се следи примерот на двете општества, потребно e зголемување на меѓусебната доверба, што ќе се постигне преку почести контакти на сите нивоа.

„Не доликува на две европски соседни земји во 21 век да не комуницираат на највисоко политичко ниво. Меѓу нашите земји има огромни можности и потенцијали за соработка во сите сфери од заемен интерес“, истакнал Иванов и ја повторил отворената покана за посета на грчкиот претседател на Република Македонија.

Во контекст на билатералната соработка, македонскиот претседател го потврдил интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и зајакнување на преку-граничната соработка, посочувајќи дека проширување на билатералната правна рамка за соработка ќе придонесе во унапредување и на политичките односи меѓу двете земји.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.