Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венизелост заминува со оптимизам за решавање на спорот со името

0
By Нова ТВ on February 20, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2014 18:29

Шефот на грчката дипломатија во својство на претседавач на Советот на министрите н ЕУ по денешните разговори во Скопје изрази подогтевност за директни средби меѓу претставици на девет влади за да се надмине спорот со името.

-Подготвен сум да го поканам министерот Никола Попоски во Солун на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од регионот која ќе се одржи во април. Можеби по состанокот ќе имаме можност да договориме билатерална средба која би можеле да се одржи или во Атина или во Скопје изјави Венизелос.

На прашање – дали по разговорите со премиерот Никола Груевски, тој е поголем оптимист дека преговорите околу името ќе се интензивираат, Венизелос одговори потврдно:

-После денешната посета имам впечаток дека владата во Скопје, како и локалната заедница и граѓанскиот сектор се подготвени да учествуваат во дијалогот не само за прашањето за името туку и за останатите аспекти во односите со Грција, оти Грција е врата за оваа земја до европската перспектива, рече Венизелос.

Груевски ја поздравил посетата на Венизелос, која претставува континуитет на посетите на Македонија како земја кандидатка, од страна на Претседателството со ЕУ, како и намерата на грчкото Претседателство да организира Министерски самит со земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки во април.

– На средбата соговорниците размениле мислења за повеќе актуелни теми и прашања кои се од интерес за Република Македонија и нејзиниот напредок во европските интеграции. Истовремено, беше разговарано за реформите и чекорите кои се преземаат од страна на државата за исполнување на критериумите и унапредување на взаемната соработка со Европската Унија, информираат од Владата по средбата Венизелос-Груевски.

Претседателот Иванов и шефот на грчката дипломатија, Ангелос Венизелос размениле мислења и информации околу процесот на евроинтеграции на Македонија за време на грчкото претседавање со Унијата, соопштуваат од Кабинетот на македонскиот претседател.

Иванов и посакал на Грција успешно претседавање со ЕУ и изразил очекување дека како претседавачи, и покрај фактот што не е во приоритетите, сепак ќе останат посветени на политиката на проширување.

Шефот на грчата дипломатија денeска оствари средба и со лидерот на опзициската СДСМ, Зоран Заев.

– Интеграцијата во Европската Унија е од стратешко значење за Република Македонија. Побаравме посилно вклучување и на Европската Унија и на Грција во изнаоѓање решение на проблемот што Република Македонија го има на патот на интеграција во Европската Унија, изјави денеска Заев по средбата со грчкиот шеф на дипломатијата, Евангелос Венизелос.

Тој информираше дека неговата партија му посочила на Венизелос дека тврдиот став на Република Грција за проблемот со името не води кон решение и потенцира дека на тој начин ќе се испрати порака на охрабрување дека е можно да се изнајде решение и на најгорливите проблеми.

Заев рече дека прашањето околу името е проблем од највисок интерес за Република Македонија и затоа е недозволиво политички шпекулации и било какви политички ставови по ова прашање, напротив треба мудро и посветено да се најде начин како да се решаваат сите проблеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.