Директорот на Центарот за Kомуникации на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски во полициската станица Беко утрово го пријави случајот со советникот на СДСМ од Неготино Диме Витанов, кој во телефонски разговори со активисти на ВМРО ДПМНЕ се претставувал како „Илија од Центарот за комуникации“ и барал да му достават списоци со луѓе што ќе гласаат за оваа партија, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски не поднел пријава против Витанов за лажно претставување, туку само во полициска станица го раскажал случајот, па очекува институциите да го разгледаат и да преземат мерки.
„Сепак, политичката одговорност за овој скандал е кај раководството на СДСМ – Зоран Заев и Радмила Шеќеринска“, рече Димовски.
Опозициската партија наведува дека Членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ по партиска задача имаат обврска да достават список од 10 неопределени граѓани
СДСМ во реакција на вчерашната прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ наведува дека директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски „објавувајќи наводен скандал на македонската јавност всушност и го обелоденил методот на функционирање на неговата матична партија во предизборен период“
Членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ по партиска задача имаат обврска да достават список од 10 неопределени граѓани кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Значи, да присилат по 10 македонски граѓани да не гласаат по сопствено убедување, туку нивниот глас да го дадат за ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.




