Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петричек и Корчок: ЕУ не треба да биде судија за историски прашања

0
By Нова ТВ on February 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 8, 2021 10:19

На смеее да се дозволи ЕУ да стане колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот! Тоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап – транспарентност и предвидливост, истакнуваат министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок, во зедничката колумна за Еуобсервер насловена „ЕУ не треба да биде судија за историски прашања“.

Особено, велат првите дипломати на Чешка и на Словачка, не смее да се дозволи таквите барања да станат формален дел од критериумите за пристапување, бидејќи ќе ја претвори ЕУ во арбитар на националните истории.

– Затоа, ние не поддржуваме никаква насока што би санкционирала толкување на историски прашања. Барањето да се постави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо. Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаат, оценуваат Петричек и Корчок.

Сметаат дека е потребен директен и предвидлив процес на проширување кој се заснова на мерливи критериуми, јасни заложби и политичка волја.

– Условите се бројни, а процесот на пристапување е веќе сложен и бара многу напори, затоа мора да избегнеме воведување елементи кои вклучуваат висок степен на интерпретации и емоции. ЕУ не е тука за да утврди кој е во право или не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ се заснова на единство во различностите, а не на пресуди и категоризации. Отворените историски билатерални прашања треба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или краток процес, но може да се направи. Ние тоа го знаеме од сопственото искуство. Уверени сме дека пречките ќе бидат надминати, како и секогаш и ќе можеме да преминеме на следните чекори, на пр. да работиме под раководство на португалското претседателство на консензус за рамката за преговорите за Северна Македонија и Албанија, порачуваат Петричек и Корчок во текстот во кој го објаснуваат ставот на Чешка и на Словачка да не ги поддржат барањата на Бугарија кон Северна Македонија и предложените заклучоци од германското претседателство на Советот на ЕУ во декември лани.

Во продолжение е целосната колумна на министерите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок за Еуобсервер.

Минатиот декември, Словачка и Чешка не беа во позиција да го поддржат нацрт заклучокот на Советот за проширување и, на наше изненадување, бевме етикетирани како проблематични кои се обидуваат да го комплицираат целиот процес.

Напротив, бевме принудени да дејствуваме за да спречиме проширувањето да биде вовлечено во историски прашања, а ЕУ во улога на арбитер.

Затоа треба да ги разјасниме нашите мотиви.

На силна ЕУ и треба силно и стабилно соседство.

Тоа отсекогаш била една од клучните цели на политиката на проширување на ЕУ – да им се помогне на земјите со перспектива за членство во ЕУ да го прифатат правото на Унијата и нејзините вредности, како и да им понуди рамнправно партнерство.

Благодарение на овој пристап Чешка и Словачка денес се наоѓаат во ЕУ.

За нас, проширувањето не е само прагматичен елемент на амбициите на Унијата – да го подобриме своето место како глобален играч што не може да толерира малигни надворешни влијанија во соседството.

Покрај тоа, се чувствуваме морално обврзани да им ја понудиме можноста за членство во ЕУ на другите европски земји, кои се подготвени да ги исполнат условите како што направивме и ние во минатото.

Затоа го поддржуваме унапредувањето и продлабочувањето на политиката на проширување уште од влегувањето во ЕУ во 2004 година.

Нашиот фокус сега е на земјите од Западен Балкан со цел да се обезбеди безбедност и стабилност на нашите најблиски соседи.

Треба да ги задржиме нивните европски перспективи јасни и отворени. Спротивното би значело оставање на вратите отворени за надворешните сили кои се многу желни да се пробијат со цел да го расклопат и дестабилизираат европскиот проект.

Ова е причината зошто ние секогаш сме биле силни поддржувачи на процесот на пристапување во ЕУ – тоа не прави само нашите соседи, туку и сите нас посилни и побезбедни.

Одржувањето на процесот во живот бара и секогаш ќе бара моменти кога треба сериозно да ги разгледаме последиците од нашите одлуки и да бидеме искрени со самите себе.

Во овој контекст, пример за испраќање помешани и нејасни сигнали на ЕУ до земјите аспиранти е нејзиниот пристап кон Северна Македонија.

Оваа земја од Западен Балкан веќе 15 години се наоѓа во центарот на двосмисленоста во ЕУ.

Со текот на времето, таа ги исполни сите потребни услови, дури и најтешките поврзани со сопственото име. Се сомневаме дека која било од сегашните земји-членки на ЕУ би имала капацитет и волја да го стори истото. Сепак, ветената награда за отворање на пристапните преговори со ЕУ не дојде.

Во 2019 година, одлуката на Европскиот совет да одобри отворање на преговорите беше одложена не еднаш, туку двапати.

Потоа, минатата година, Северна Македонија се соочи со уште една пречка, и повторно беше побарано да исполни барања поврзани со нејзиниот национален идентитет.

Судење за историјата

Покрај тоа, есента минатата година, беше поднесено ново и прилично изненадувачко барање – ЕУ да се направи колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот!

А над сè, на крајот на годината имаше барање оваа пресуда да стане формален дел од критериумите за пристапување. Ова ќе ја претвори ЕУ во арбитар на националните истории.

ЕУ во секоја фаза од преговорите за проширување ќе мора да размисли за усогласеноста на некои земји со историските толкувања на другите. Природна улога на ЕУ е да биде модератор и посредник.

Сепак, ЕУ не треба колективно да стане судија на спорови и недоразбирања во изминатите стотици години. Ова би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап – транспарентност и предвидливост.

Затоа, ние не поддржуваме никаква насока што би санкционирала толкување на историски прашања. Барањето да се псотави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо.

Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаат.

Не многу одамна, процесот на проширување беше приказа на политиките на ЕУ. Тоа беше одличен пример за амбициите и способностите на ЕУ, нејзината успешна приказна.

Сега мора да признаеме дека во последно време политиката на проширување се лизга надолу на  листата со приторитети на ЕУ. Не ги оспоруваме објективните причини за тоа бидејќи го признаваме дека постојат.

Како и да е, проширувањето стана нешто што треба да се остави за подобри времиња кога нашата сопствена куќа ќе биде целосно во ред. Изгледите за влез во ЕУ се чинат помалку на дофат и процесот се закочува и за најситни причини.

Заедно со Европската комисија работевме напорно на нашиот нов и подобрен пристап за да се спротивставиме на ова и да дадеме нов стимул во нашите напори. Би било изгубена прилика за ЕУ ​​ако  повторно се премислува или пропушти да ги почитува сопствените приципи и не ги исполни своите ветувања.

Таквата двосмисленост би била од корист на националистичката и изолационистичката реторика во нашето соседство, што не би било во интерес на ЕУ и може да предизвика повеќе опасни процеси, а не се исклучуваа и конфликти.

Потребен ни е директен и предвидлив процес на проширување кој се заснова на мерливи критериуми, јасни заложби и политичка волја. Условите се бројни, процесот на пристапување е веќе сложен и захтевен и затоа мора да избегнеме воведување елементи кои вклучуваат висок степен на интерпретации и емоции.

ЕУ не е тука за да утврди кој е во право или не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ се заснова на единство во различностите, а не на пресуди и категоризации. Отворените историски билатерални прашања треба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или краток процес, но може да се направи. Ние тоа го знаеме од сопственото искуство.

Уверени сме дека пречките ќе бидат надминати, како и секогаш, и ќе можеме да преминеме на следните чекори, на пр. да работиме под раководство на португалското претседателство на консензус за рамката за преговорите за Северна Македонија и Албанија, наведуваат во заедничката колумна за „Еуобсервер“, шефовите на дипломатиите на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.