Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грозданова: Целосно сме подготвени за вакцините на „Фајзер“ и за процесот на вакцинација

0
By Нова ТВ on February 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 13, 2021 01:55

Нашата држава месеци наназад се подготвува за една од можеби најголемите операции, не само кај нас, туку и на светско ниво, а тоа е логистиката околу пристигнувањето и дистрибуцијата на вакцините и нивната апликација и ние сме целосно подготвени да ги примиме вакцините, истакна претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова.

Таа потенцира дека поради најавите за доаѓањето на фајзеровата вакцина уште од декември минатата година, нашиот здравствен систем е подготвен и во делот на складирање.

– Обезбедени се неколку фрижидери на минус 70, од кои едниот е веќе во Клиничкиот центар, другите се стационирани во здравствените домови низ државата и воспоставени се комплетни стандардни процедури во однос на нивното складирање, диструбуција и апликација, вели Грозданова.

Претседателката на Комитетот за имунизација информира дека медицинските лица од вакциналните тимови, поминале две виртуелни обуки и две обуки во живо, со цел процесот на вакцинација да се одвива според сите стандарди кои ваквиот процес ги бара.

– Министерството за здравство, вклучително и националната работна техничка група, е постојано во контакт со сите можни механизми преку кои се обидуваме да ги набавиме вакцините. За очекување е вака деликатен производ како што се вакцините, меѓу кои и фајзеровата вакцина, да побарува едни специјални услови на чување, складирање и дистрибуција и самиот производител да биде на едно виско ниво на мониторинг на целата ситуација. Но, истото тоа го побарува и една држава која ќе ја прими таа вакцина, истакна Грозданова.

Таа рече дека од самиот почеток им биле посочени сите барања, кои „Фајзер“ како производител, но и нашите регулаторни тела, Министерството за здравство и Агенцијата за лекови, ги бараат.

– Во тој сегмент имаме комплетно одговорено во однос на нашата подготвеност. Дополнително, бевме мониторирани од Светската здравствена организација (СЗО) и се направи една процена на нашиот капацитет и бевме оценети како комплетно подготвени, нагласи претседателката на Комитетот за имунизација.

Во однос на подготвеноста на медицинските лица да одговорат доколку се појават несакани реакции од вакцините, проф. д-р Грозданова вели дека, таква процедура е задолжителна за секој лек, вклучително и за секоја вакцина и тоа, како што вели Грозданова, години наназад Агенцијата за лекови МАЛМЕД, многу темелно и детално го води.

– Во Агенцијата е формиран и еден тим, кој одговара тековно на дневна основа на сите овие барања. Нашите колеги, кои работат во делот на фармаковигиланца се запознаени со сите процедури и постапки. Начинот на пријавување не само кај нас, туку и интернационално и во системот и на „Фајзер“ и на меѓународните институции, коишто го следат ова, е со цел да имаме една безбедна вакцинација. Она што го видовме во овие месец и половина, откако почна вакцинацијата во другите земји, е дека бројот на несакани реакции е навистина минимален. Но, многу е битно тоа да биде забележано, мониторирано и пријавено до надлежните. Верувам дека нашиот систем, кој и досега функционираше,  ќе одговори на овие барања, подвлече Грозданова.

Таа уште еднаш потенцира дека сите вакцини се безбедни. За вакцината на „АстраЗенека“, која треба да пристигне кај нас преку КОВАКС механизмот, рече дека не се доведува во прашање нејзината безбедност, туку вакцината се покажала како помалку ефикасна кај јужноафриканската мутација на САРС-КоВ-2 и кај лица над 65 години, создава 60 отсто заштита, што според професорката, е доволно. Но, како што нагласи, „АстраЗенека“ се покажала како многу ефикасна кај лица со алергии, за разлика од фајзеровата вакцина и на „Модерна“, кои кај мал број лица со алергии предизвикале несакани ефекти.

Проф. д-р Грозданова препорача лицата кои имаат алергии да се консултираат со матичниот лекар за која вакцина да ја примат.

-Состојби на автоимуни заболувања, се исто така, состојби кои треба будно да се следат. Исто така, и каква било здравствена состојба, кај која имунолошкиот систем е на некој начин засегнат, би значело временско одложување, но во никој случај контраиндикација за примање на вакцините, вели професорката.

Таа истакна дека вакцините обезбедуваат имунитет од шест до девет месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.