Published: Sunday, February 23, 2014 20:43
Вечерва на улица Варшавска, во населбата Карпош е фрлена бомба пред канцеларијата на СДСМ, изјави за НОВА Петар Шилегов, портпаролот на СДСМ.

Во штабот имало 30 младинци од подмладокот на СДСМ, никој не е повреден. Оштетени се пет возила. Трагично е ваков инциндент да се случи во центарот на Скопје
Шилегов додаде дека постои загриженост во СДСМ:
-СДСМ го повикува МВР во најкраток можен рок да го пронајде сторителот на ова гнасно дело.
Ја изразуваме нашата загриженост што ваков инцидент се случи во центарот на Скопје, изјави Шилегов.




