Published: Monday, February 24, 2014 08:56
Денеска на дневен ред на 85. седница на Собранието се ставени 100 нови закони кои треба да се донесат по скратена постапка предложени од Владата.
Законите предвидуваат измени и дополнувања на постојните решенија за нивно усогласување со Законот за јавна администрација; Законот за инспекциски надзор; Законот за полиција; Законот за гранична контрола; Законот за Бирото за развој на образованието; Законот за научно-истражувачка дејност; Законот за иновациска дејност; Законот за енергетика; Законот за јавни претпријатија; Законот за трговски друштва.
На дневен ред на седницата се и финансиските извештаи на Македонската радио телевизија за 2014 година.
На 3 март Собранието ја прекинува работата поради закажаните претседателски избори за 13 април.




