Published: Monday, February 24, 2014 12:49
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува активирањето на експлозивна направа кое се случи доцна синоќа во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат случајот на активирањето на експлозивата направа и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.
Апелираме, велат од партијата, до сите политички субјекти да се воздржат од политичка злопотреба на овој настан, да овозможат институциите да ги откријат сторителите, за да се утврди вистинската позадина и цел на овој настан.




