Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: МВР да и се обрати на јавноста со информации од инцидентот

0
By Нова ТВ on February 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2014 14:02

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија најстрого го осудува вчерашниот инцидент кој според информациите од медиумите се случил во близина на огранокот на СДСМ во Карпош додека се одржувал состанок на подмладокот на оваа партија.

Од информациите произлегува дека била поставена експлозивна направа која што експлодирала при што биле доведени во сериозна опасност повеќе од 30 лица што се наоѓале во објектот. Во пресрет на изборите, Комитетот повикува на итно постапување и истрага за откривање на сторителите од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Исто така, заради покажување искрена воља за соодветно разрешување на овој инцидент, МВР е потребно да и се обрати на јавноста и да даде информации за тоа што е преземено до сега и кои се идните чекори. Комитетот исто така повикува сериозно да се разгледаат наводите за кривично дело сторено од омраза поради политичка припадност или асоцијација на што наведува природата на ова дело.

Во рамките на своите активности, Комитет во последните три месеци заедно со овој последен инцидент, евидентираше 4 случаи кои се темелат на омраза поради политичко уверување односно припадност.

Споменатите инциденти се однесуваа на напади на политички ограноци, недвижен и движен имот на партиите ВМРО- ДПМНЕ, ГРОМ и ЛДП.

Комитетот уште еднаш ги повикува институциите овие дела ги препознаваат како потежок облик на криминал имајќи предвид дека е сторен поради одредена предрасуда или омраза насочена кон одредена група која има специфични обележја во конкретниот случај согласно член 39 став 5 од Кривичниот Законик.

Хелсиншки бара од МВР да спроведе детална истрага додека пак обвинителството и судот да ја земе предвид оваа околност во целокупната постапка, а особено при одмерувањето на казната за сторителите на овој чин.

Дополнително, во вакви или слични активности во предизборен период за кои не се постапува брзо, транспарентно и во постојана комуникација со јавноста, се нарушува политичкиот и правниот легитимитет на државата. Со цел да не се повторат овие немили настани, Комитетот ги повикува сите политички партии заедно со членовите на партиите да го осудат настанот како и да се заложат за прекин на насилството во предизборниот период и за време на изборите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.