Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Итно да профункционира Комитетот за туризам, да се поедностави постапката за субвенционирање

0
By Нова ТВ on February 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 22, 2021 12:48

Итно да профункционира Комитетот за туризам, да почне имплементирањето на донесените мерки и да се поедностави постапката за субвенционирање, апелира  Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Здружението смета дека туризмот и во услови на КОВИД може да функционира и да даде добри резултати, но изостанува реализација на мерките. Затоа бара средба со премиерот на која би биле презентирани ваквите ставови и би се креирал планот за делувањето оваа година.

Засега, велат од Здружението, нема оптимистички најави во однос на странските гости. Ситуацијата е неизвесна и се е на чекање.

-Се чекаат јасни сигнали од страна на Светската здравствена организација и државите, какви ќе бидат протоколите за патување, но ние ќе треба да сме подготвени да докажеме дека ги почитуваме протоколите и дека знаеме да се справиме ако нешто им се случи на туристите. Во моментов немаме оптимистички најави, се е на чекање, но ние нашиот организациски дел ќе мора да издигнеме на многу повисоко ниво. Маркетингот и промоцијата ќе треба да играат значајна улога. Сублимат на сите наши барања е неодложна средба со премиерот, рече на прес-конференција заменик-претседателот на Здружението, Асим Меџедовиќ.

Тој информира дека Здружението до Владата доставило предлог за олеснување на постапката за субвенционирање. Предлогот е во процедура, но се уште не е во функција.

-Иницијативата за олеснување на постапката за субвенциионирање е со цел да се одржат постоечките традиционални пазари, да се исцрпи потенцијалот на пазарите од државите од регионот, но и да се освојат нови пазари во пост КОВИД период. Акцентот го ставаме на регионот, бидејќи земјите од регионот се пазар со околу 50 милиони туристи неискористен потенцијал, без Турција. Олеснето, односно поедноставено субвенционирање по предлог на бизнис секторот е значајно да се реализира во најкраток можен рок за да може да се поддржи пазарот, истакна Меџедовиќ.

Неопходно е, напомена Меџедовиќ, да се даде јасен сигнал дека земјава е отворена за туристите.

-Потребно е да испратиме јасна порака дека со субвенционирањето се залагаме за модернизација и унапредување на туризмот, што ќе ги натера странските тур-оператори да ги возобноват плановите за чартер летови до Северна Македонија, укажа Меџедовиќ.

Здружението смета дека домашниот пазар не располага со потенцијал кој може да го надомести отсуството на странски туристи.

-И покрај некои преземени мерки од страна на државата за поттикнување на домашниот пазар, не се постигнаа посакуваните ефекти, односно дури и во услови кога нашите граѓани не беа во можност да одат во други туристички дестинации поради рестрикциите, туристичкиот промет од домашни туристи е значително намален наместо зголемен, исткна Даниела Михајловска Василевска.

Таа уште еднаш подвлече дека загубите во хотелиерството лани надминале 90 отсто.

Според Михајловска Василевска, поддршката за домашните туристи е добродојдена. Сепак, има можност за поголем поттик на домашните гости, како и за повеќе странски туристи и покрај затвореноста и кризата од пандемијата, но изостанува реализацијата на мерките.

-Низ земјава годишно транзитираат годишно 3,5 милиони патници што е готов пазар. И тоа треба да се има предвид. Развојот на руралниот туризам со мали вложувања може да отвори значителен број нови вработувања. Секои четири кревети во угостителски објект значат едно ново работно место. Или за инвестиции од страна на приватниот сектор во 1.000 нови објекти со просек од 15 кревети потенцијалот е 4.000 работни места. Но за да се реализира ова потребно е да се воспостави законска рамка и можност за инвестиции, потенцира Михајловска Василевска.

Потенцијалот на македонскиот туризам е учество во БДП со 25 отсто, директен ангажман во секторот на над 100.000 работници, индиректен ангажман на двојно повеќе, директен прилив на девизи од над 1,5 милијарди евра, сето тоа низ рамномерен регионален економски развој. Тоа, според Здружението, во услови на ваква светска здравствено економска криза, на бизнис секторот му дава за право да констатира дека токму овој сектор може да преставува економската надеж за пост КОВИД развој на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.