Фоторепортерот Чедомир Ненковиќ кој имаше повеќе од три децении долга кариера ненадејно почина синоќа. Професионално се занимавал со фотографија во 1980 година кога почнал да работи како фото-дописник за загрепскиот весник „Вјесник“.
Подоцна работел во македонските дневни весници „Вечер“, „ Дневник“ и во неделниците „Пулс“ и „Дневник 7“.
Соработувал и со странските новински агенциии „Танјуг“, „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“ и „ЕПА“.
Дипломираниот историчар на уметност за својата фоторепортерска работа има добиено и награди меѓу кои Гран при на годишната изложба на Здружението на фоторепортери на Македонија во 2002 година и награда од Обединетите нации за серија фотографии од косовската бегалска криза во 1999 година.
Роден е 1958 година во Битола. Погребот ќе се изврши денес во 12,30 на Градските гробишта во Бутел.

Награда “Живко Јаневски” за фотографијата со наслов “Крштевање во реката Треска” (2006)




